Читачка промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска

December 11, 2024
1 min read

Вo четврток, 12 докември, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи читачката промоција на третата по ред стихозбирка на Јулијана Величковска ‒ „Рајсфершлус“. Изданието е на ПНВ Публикации и поддржано е од Министерството за култура и туризам. Стиховите ќе ги интерпретираат актерката Наташа Петровиќ и авторката.

‒ Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното љубопитство за поместување и надраснување на веќе освоените стандарди во компонирањето лирска песна кај нас. Затоа и беше за очекување таа наскоро пред читателите да понуди книга песни во проза, но и тој потфат да го продлабочи со плодоносно зафаќање во дијахрониските слоеви на историјата и на книжевната традиција, да ги воспее судбините на митските хероини, суптилно алудирајќи на препознатливите темелни вредности, својства и судбини на женскоста како дел од човечката заедничка вертикала.

Особено креативно привлечни и возбудливи се ефектите што во овие песни се постигнати со мајсторското користење на еуфониските и визуелните блискости и сличности како својства на лексичките единици, па на тој начин нивниот семантички полнеж бидува зафатен од внатрешна динамика на лирскиот тек, со што песната како да еманира од текстот и продолжува во продолжително ехо надвор од фиксираниот облик ‒ ќе напише Санде Стојчевски за стихозбирката.

Јулијана Величковска е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Авторка е на стихозбирките: „Комарци“ (2010), „Отворена книга“ (2017) и „Рајсфершлус“ (2024); на романот „Годишни времиња“ (2014); на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев (2022), за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница за книги издадени во 2021 и 2022 година на Меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“, и на повеќе од триесет книжевни преводи.

Нејзините песни се препеани и објавени на дваесет светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше преведен на бугарски јазик (Ерго, 2017), избор песни „Кутија на стравот“ беше преведен на азербејџански јазик (Зардаби, 2024), а избор песни во превод на англиски јазик под насловот „Очекувам лавови“ ќе излезе од печат до крајот на 2024 г. во издание на „Три Спајр Прес“ (Three Spire Press), од Корк, Ирска. Нејзини песни и куси раскази се застапени во неколку антологии во земјата и во странство.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судиите Ала и Ристова се новите членови на Судскиот совет

Следно

Јовановиќ: Покачувањето на ДДВ сигурно ќе удри по сиромашните, а нема ни да ги чепне богатите

Latest from Blog

Граѓаните на БиХ денеска и утре ги бојкотираат продавниците

Во Босна и Херцеговина денеска почнува дводневен бојкот на продавниците, инициран од неформална група граѓани. Групата повика на бојкот преку социјалните мрежи како одговор на постојаниот раст на цените на основните прехранбени

Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп

Руските и американските власти се уште не започнале разговори за можна средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков рече дека двајцата лидери

Турското разузнавање неутрализира висок терорист на ПКК во Ирак

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турската Национална разузнавачка агенција го неутрализира Мурат Келеш, висок припадник на терористичката ПКК/КЏК, во операција во Северен Ирак, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Анадолу. Терористот, кој се криел

Нетанјаху: Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија наместо во сопствената татковина, отфрлајќи го секој поим за палестински суверенитет, јавува Анадолу. „Саудијците можат да

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на
Go toTop