Четворица загинати во несреќа на жичница во јужна Италија

April 18, 2025
1 min read

Четири лица загинаа, а едно е тешко повредно во несреќа на жичница во  италијанскиот градот Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол што се случила вчера попладне, јави ДПА

Италијанската планинска спасувачка служба соопшти дека гондола од жичницата паднала на земја откако се скинал кабел.

Според првичните информации, во гондолата имало пет лица. Меѓу жртвите има двајца туристи од Англија, еден од Израел и еден Италијанец, соопштија локалните власти.

Десетина патници се извлечени од другите гондоли, а во акцијата биле вклучени и хеликоптери. 

Жичницата се движи до врвот Монте Фаито висок 1.100 метри, кој вообичаено нуди поглед на Неаполскиот залив. Во моментот на несреќата видливоста била слаба поради густата магла.

Жичницата работи од 1952 година. Патувањето обично трае нешто помалку од 10 минути.

Таму веќе имаше фатална несреќа во 1960 година, кога загинаа четири лица, а повеќе од 30 беа повредени, истао така, по откачување на гондола.

Во летото 2021 година, пак, гондола со 31 патник беше заглавена повеќе од еден час поради прекин на струја. Никој не беше повреден.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Следно

Блокадата на објекти на РТС во Белград и понатаму трае

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop