Четирите ромски партии дел од власта очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да им го отстапи изборот ним за кандидат за градоначалник на Шутка

July 22, 2025
1 min read

Четирите ромски партии дел од владата, очекуваат ВМРО-ДПМНЕ изборот на кандидат за градоначалник на општината Шуто Оризари да им го отстапи ним. Ова во гостувањето во дневникот на ТВ 24 го изјави претседателот на Обединетата партија за еднаквост на Ромите, Неждет Мустафа, по најавите од премиерот мицкоски дека тие ќе излезат со свој предлог кандидат.

Мустафа истакна дека четирите ромски партии се блиску до поддршка на еден заеднички кандидат за шутка на претстојните избори и дека тоа би била надпартиска личност. Разочарани се од најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе имаат свој кандидат за Шутка иако не им го узурпираат правото на овие партии и тие да излезат со свој предлог, но и дека оваа своја одлука, очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да ја корегира.

Мустафа смета дека не треба да се цепка ромскиот глас зашто тоа нема добро да се одрази врз иднината на Шуто Оризари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рафиња стави крај на кариерата на 39 години

Следно

Шукова : Скопје мора да се врати на граѓаните – со конкретни проекти ќе го вратиме сјајот на главниот град

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop