Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

June 25, 2026
2 mins read

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат коферите.

Кој разочара, а кој импресионираше во синоќешните дуели коментира, Горазд Михаилов, кој што е презадоволен од настапот на Босна и нивниот историски успех на овој турнир, како и фактот дека Бразил го потрдува она што реално сите го очечуваме. А тоа е да биде фаворит за највисок пласман.

„Босна се пласираше во следната фаза и тоа секако дека е успех за оваа репрезентација. Што се однесува до самиот меч се виде дека Босна има повеќе желба за да победи на овој меч. Се виде дека уште од самиот старт ќе атакуваат повеќе кон голот на Катар, додека катарците се одлучија за подефанзивна варијанта со некои брзи контранапади како опција за нападот. Тоа реално на Катар не му вроди со плод, напротив Босна беше таа која што со прекрасниот гол на Алајбеговиќ поведе, а потоа и го удвои водството со оној авготол. Сепак, кога сите ќе помислат дека со 2:0 ситуацијата е сигурна, и дека мечот оди во позитивен смен за босанците, особено по зицер ситуацијата на Џекосе случи сосема спротивното. Катар се отвори во последните минути од полувремето, создаде неколку мини шанси и по една од нив ете успеа да постигне гол и да намали на 2:1.

Во вториот дел катарците евидентно повеќе се отворија, атакуваа повеќе кон голот на Босна. Босанците беа сега тие кои што чекаа кикс, добар контра напад. Сепак, Катар не се снајде најдобро во ваква улога затоа што не создаде зицер ситуација, Босна имаше релативно контрола на ситуацијата, добро се справуваше со тие ситуации пред противничкиот гол.

По паузата за хидратација, селекторот на Босна, ги направи измените и тоа вроди со плод. Го подигнаа нивото, влегоа во „појака брзина“, и со голот на Махмиќ негов втор на овој Мундијал дојдоа и до 3:1 по што Катар немаше сила да се врати.

Ова секако дека е историски успех за Босна, која што на овој турнир добива неколку млади играчи кои што ќе бидат носители на репрезентацијата долго време. Алајбеговиќ, Бајрактаревиќ, Махмиќ се иднината на Босна“ – вели Михаилов по повод победата на Босна, па продолжува со освртот на мечот Шкотска – Бразил.

„Кариоките“ се сериозен кандидат за највисок пласман на овој турнир

„Бразил дефинитивно си ја покажа силата, и даде до знаење дека како ќе одминува шампионатот, ќе го подига своето ниво на секој дуел. На вчерашниот меч во текот на сите деведесет минути доминираа. Се виде таа  нивна фудбалска магија, Винициус во прв ред. Во моментов играч број еден на Бразил на овој турнир, и секако лидер. За Бразил голема работа е враќањето на Нејмар. Иако не е тој во најдобрите свои денови, сепак, јасно им е на сите што значи кога е тој дел од екипата, дел од тимот. Иако Бразил е полн со звезди, Нејмар се гледа дека е потребен како еден вид баланс, како за терен, така и за соблекувална. Со кого и да игра Бразил во нокаут фазата според мене е фаворит. Селекторот Анчелоти очигледно ја наоѓа формулата, овој Бразил не беше истиот од стартот на турнирот. Знеше што сака напред, црвст во одбрамата. Винициус топ расположен, средниот ред на висина на задачата, особено Бруно Гимараеш. На Бразил мора сериозно да се смета за остатокот од турнирот“ – потенцира Михаилов.

Мексико си ја потврди улогата на фаворит

„Еден од домаќините, репрезентацијата на Мексико ја потврди улогата која што едноставно мора да ја има на овој меч. Како домаќин, како селекција која што поседува одреден квалитет и која што ете, мора да одигра и еден вид фавиритска улога. Во првиот дел против Чешка, Мексико се мачеше офанзивно, но имаше повеќе од играта, и едноставно само се чекаше кога ќе го пробијат „мразот“ што се вели и ќе постигнат гол. Во вториот дел Мексико потполно домонираше, ја покажа класатад над противникот. Според мене Чешка е тотално разочарување, очекував сосема поинаков, пристап, настап на овој турнир. Исто како и Турција, нивната улога на овој турнир е епизодна“ – поентира искусниот стратег.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Следно

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Latest from Blog

Против Црна Гора по традиција играме ефикасно, одлична квота и за победа на Македонија (Фото)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година вечерва продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство. Веќе е јасно дека немаме шанси за пласман на една од првите две позиции, па

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТ

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма

Николоски од Брисел: Големи инфраструктурни инвестиции за модернизација на Коридорите 8 и 10

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и

Битола дел од новата иницијатива за индустриско поврзување со ЕУ

Градоначалникот на Oпштина Битола Тони Коњановски, денес во Будва, Црна Гора, присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија. Церемонијата, која
Go toTop