Честитка до Мицкоски од МД „Илинден” и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите

May 11, 2024
1 min read

Македонското друштво „Илинден”-Тирана во име на членовите и Македонците во Албанија денеска упати честитка до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двојната изборна победа,на претседателските и парламентарните.

– Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. ВМРО-ДПМНЕ со која Вие успешно раководите има направено огромен исчекор, имате огромна поддршка од Македонците од Република Албанија, стои во честитката.

Тоа, се додава понатаму, бидејќи напредокот и благодатта на македонскиот народ претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците во соседството.

– Во мое лично име и во име на друштвото и на Македонците од Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас, убедени во успешноста на владата предводена од вас, за доброто на сите, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесени вкупно 27 жалби за парламентарните избори

Следно

Во седум масовни гробници во болниците во Газа пронајдени над 520 тела

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop