Поднесени вкупно 27 жалби за парламентарните избори

May 11, 2024
1 min read

Политичките партии поднесоа 27 жалби за парламентарните избори на 8 мај. Продолжува рокот од 72 часа во кој Државната изборна комисија треба да одлучува по жалбите. Коалицијата ВРЕДИ поднесе најмногу жалби, вкупно 10, по што следат ВМРО-ДПМНЕ 8, СДСМ 5 и Левица 4.
Од ДИК за Алсат информираат дека жалбите на партиите се за повеќе изборни единици, низ целата држава.

„Жалбите на ВРЕДИ се сите во Изборната единица број 6, односно во избирачките места во Тетово, Гостивар, Желино, Боговиње и Врапчиште. Жалбите на ВМРО-ДПМНЕ се за избирачките места во Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен. Жалбите на СДСМ и коалицијата се за Изборната единица број 5, односно за Струга, Битола и Кичево. Додека жалбите на Левица за Чаир, Струга и Гази Баба“, велат од ДИК за жалбите на партиите за парламентарните избори на 8 мај.

До понеделник, ДИК мора да одлучи дали ќе ги одбие или ќе ги прифати жалбите на партиите. Во случај резултатот од гласачките места кои се предмет на приговори да влијаат на севкупниот резултат, ДИК може да побара да има повторно гласање.
Во меѓувреме, роковите за конституирање на Собранието продолжуваат, односно до 28 мај треба да се свика конститутивна седница, која ќе трае најмногу три дена. 10 дена по конституирањето на Собранието, претседателот на државата е обврзан да го додели мандатот за формирање на Владата. Мандаторот, во рок од 20 дена, до Собранието мора да достави владина програма и предлог за составот на владата, кои потоа ќе бидат изгласани во Собранието со 61 глас./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САМО ЗА ВОЗРАСНИ: Карлеуша отвора налог на страната која не е за малолетници, од неа планира да заработи милиони, но само ако платите! (ФОТО)

Следно

Честитка до Мицкоски од МД „Илинден” и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите

Latest from Blog

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во

Проданоски: Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Прилеп

Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината
Go toTop