Чавушоглу: „Затворањето на конзулатите на некои западни земји е смислен потег“

February 3, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Критикувајќи го неодамнешното затворање на конзулатите на некои западни земји во Истанбул, шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, таквиот потег го нарече „намерен“, додавајќи дека тие држави не споделиле никакви информации за она што го нарекоа „безбедносни причини“, јавува Анадолу.

„Ние мислиме дека ова е намерно“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Истанбул со неговиот аргентински колега Сантијаго Кафиера.

„Тоа им го кажавме и на амбасадорите кои ги поканивме во Министерството“, рече Чавушоглу.

Изјавите на Чавушоглу уследија еден ден откако Туркије ги повика амбасадорите на западните држави, меѓу кои и на Соединетите Американски Држави (САД), за да упати критики за нивната одлука за привремено затворање на дипломатските претставништва и издавање безбедносни предупредувања по неодамнешното палење на исламската света книга Куран во некои европски земји.

Во Министерството за надворешни работи беа повикани и амбасадорите на Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

„Зошто ги затворија конзулатите?“, праша Чавушоглу и продолжи:

„Велат дека постои терористичка закана. Па, ако постои терористичка закана, зарем не би требале, особено ако ни се сојузници, да кажат од каде доаѓа таа закана?“, рече тој.

„Ни велат: ‘Имаме конкретни информации, постои закана. Затоа ги затворивме.’ Од кого? Од каде доаѓа? Кој ќе го направи тоа? Нема информации за тоа“, рече Чавушоглу.

Турскиот министер повтори дека тие земји треба да ѝ дадат информации на Туркије за овие наводни закани.

„Тие мора да ги споделат тие информации со нас, односно со нашите безбедносни единици, со нашите разузнавачки тимови, ако постои таква закана, таа мора да биде елиминирана пред да се претвори во напад“, додаде тој.

Истакна дека тие држави сепак не ги споделуваат „конкретните“ информации и документи со Туркије.

Вчера, турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, исто така, го критикуваше затворањето на конзулатите, напоменувајќи дека тоа се случило токму во моментот кога Туркије објави ветувачки бројки за туризмот, велејќи дека необјаснетите затворања претставуваат „психолошка војна“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за целосна амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април

Следно

Германија ја одобри испораката на Леопард 1 во Украина

Latest from Blog

„Кралицата на кетаминот“ ја призна вината за смртта на Метју Пери- ѝ се закануваат 65 години затвор

Да ве потсетиме дека актерот беше пронајден мртов во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес во октомври 2023 година, а акутните ефекти на кетаминот беа наведени како причина за смртта. Јасвин

Уловил риба, а во нејзиниот стомак пронашол нешто ужасно: Ова е раката на водениот дух (ФОТО)

Рибарот го споделил морничавото откритие на Фејсбук, каде што објавата станала вирална, а корисниците на социјалните мрежи коментирале и шпекулирале што точно бил предметот во стомакот на рибата, објавува Дејли Стар. Објавата

Босанец се фалел на социјалните мрежи како вози со нозете- го стигна казна (ВИДЕО)

Откако видеото стана вирално, тој бил уапсен, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК). „Полициските службеници од Полициската управа Коњиц, со цел да го идентификуваат неидентификуваниот возач кој управувал патничко
Go toTop