Чавушоглу: „Средбата за Сирија на ниво на шефови на држави најверојатно ќе се одржи оваа година“

May 8, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека евентуалната средба на ниво на шефови на држави за Сирија најверојатно ќе се одржи оваа година, јавува Анадолу.

Во телевизиското интервју Чавушоглу рече во следната фаза по четирилатералниот состанок за Сирија меѓу Анкара, Москва, Техеран и Дамаск во среда, планира да одржи состанок на ниво на шефови на држави.

„Тоа, многу веројатно, ќе биде направено во 2023 година“, додаде тој.

Во врска со претстојниот состанок на министерско ниво за надворешни работи за Сирија во главниот руски град Москва, Чавушоглу рече дека разговорите ќе започнат во среда наутро, а ќе има и билатерални разговори. Иран потврди дека ќе учествува на министерско ниво.

„Примарна цел на овој ангажман е заживување на политичкиот процес. Без овој процес и политичко решение, конфликтот во земјата може да продолжи со децении“, рече тој.

„Дополнително, овој ангажман е ‘витално важен’ за Сиријците во Туркије да се вратат во своите домови“, рече тој.

„Исто така, друга точка на агендата на состанокот е борбата против терористите во регионот“, рече тој, додавајќи дека борбата против терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ЈПГ е многу важна и за Туркије и за Сирија.

Тој додаде дека на средбата има теми на кои треба да се осврнат, како што се хуманитарните прашања и дека е неопходно да се соработува со сирискиот режим за овие прашања.

Потсетувајќи на посветеноста на Туркије за територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија, тој рече: „Туркије е една од земјите што најмногу го поддржуваат територијалниот интегритет на Сирија. Ова прашање е од витално значење за Анкара.“

Истакнувајќи дека треба да се преземат чекори за да се обезбеди единство во Сирија и треба да се преземе заедничка акција во овој поглед, Чавушоглу рече: „На Сирија ѝ е потребна трајна нормализација и ние сакаме да придонесеме за тоа.“

Минатиот декември министрите за одбрана и шефовите на разузнавање на Туркије, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва и се договорија да продолжат со трипартитните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Иран, исто така, беше вклучен во разговорите, при што Туркије претходно изјави дека Анкара ќе биде „задоволна доколку Иран биде вклучен во овој процес“.

Освен тоа, повторувајќи ги напорите на Туркије за нормализација на односите со Ерменија, Чавушоглу рече дека нивна цел е да преземат некои чекори кон нормализација со Ерменија и да придонесат за мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан.

Запрашан за инаугурацијата на „Споменикот Немезис“ во ерменскиот главен град Ереван, тој рече дека со споменикот Ерменија уште еднаш покажала дека „не е искрена во процесот на нормализација“.

Споменикот е посветен на сторителите на атентати врз османлиските политички и воени лидери во раните 1920-ти години, како и на тогашните азербејџански функционери, па дури и на некои османлиски граѓани со ерменско потекло, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Чавушоглу, исто така, нагласи дека „не е прифатливо да им се подигне статуа на терористи што убиле дипломати, османлиски и азербејџански функционери“.

​​​​​​​ „Туркије ја предупреди Ерменија дека ќе ги преземе ‘потребните чекори’ доколку не ја отстранат статуата“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бектеши: Македонија има најниски цени на храна и гориво

Следно

По повеќе од три години заврши глобалната здравствена вонредна состојба поради КОВИД-19

Latest from Blog

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА, КАЗНИ ДО 8.000 ЕВРА, А МОЖЕ И ЗАТВОР Од денеска стапува во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop