Чавушоглу и Дендиjас во Хатај: Туркије и Грција не треба да чекаат нови потреси за да ги поправат односите

February 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Република Туркије, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Атина и Анкара не би требало да чекаат нови земјотреси и катастрофи за да ги поправат односите меѓу Грција и Туркије, известува Анадолу.

Обраќајќи им се на новинарите заедно со грчкиот колега Никос Дендиjас во турската област Хатај, која е погодена од земјотресите, Чавушоглу ја поздрави поддршката што Грција ѝ ја даде на неговата земја по разорните земјотреси што во понеделникот ја потресоа Туркије.

„Фактот дека Никос Дендијас денес е тука со нас ја покажува солидарноста на грчкиот народ со Туркије и со турскиот народ. Добрососедските односи се видливи во овие предизвикувачки времиња“, рече шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Потсетувајќи на земјотресот од 1999 година во Туркије, Чавушоглу рече дека и Грција доживеала потреси набргу по таа катастрофа.

„Тогаш Грција беше првата која потрча да ни помогне, а потоа Туркије потрча да ѝ помогне на Грција“, рече Чавушоглу.

Токму со тие зборови весникот „Тајм“ тогаш објави еден текст, а Чавушоглу како турски граѓанин испрати писмо до редакцијата на таа медиумска куќа и во него наведе дека многу е важна солидарноста во тешките врски, но дека не смее да се чекаат нови потреси за да се развиваат односите.

„Тоа го реков тогаш како обичен турски граѓанин. Денес, како министер за надворешни работи на Туркије, го делам истото мислење“, истакна Чавушоглу.

Тој повика на искрен дијалог меѓу Анкара и Атина со цел да се надмине разликата во мислењата.

Турскиот министер за надворешни работи исто така му изрази благодарност на Дендијас, на грчката Влада и целиот грчки народ за поддршката дадена во овие тешки времиња.

Шефот на грчката дипломатија Дендијас вети дека Грција ќе продолжи да ја дава потребната помош на својот сосед.

„Ние ќе продолжиме да даваме сѐ од себе за да ги пребродиме овие тешки времиња, како на билатерално, така и на ниво на Европската Унија“, рече Дендијас.

Тој рече дека се согласува со колегата Чавушоглу и дека Грција и Туркије не би требало да чекаат нови потреси за да ги подобрат своите односи.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ФОТО: Турскиот селектор работеше како касиер за да собере донации за жртвите од земјотресот

Следно

Столтенберг нема да бара ново продолжување на мандатот

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop