Чавушоглу: Анкара и Каиро што поскоро ќе ги подигнат дипломатските односи на највисоко ниво

March 18, 2023
1 min read

Туркије и Египет ќе ги подигнат дипломатските односи на највисоко ниво колку што е можно поскоро, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој реализира официјална посета на Египет, јавува Анадолу.

Говорејќи во Каиро, каде што е во посета на покана на неговиот колега Самех Шукри, Чавушоглу рече: „Шукри кажа дека разговараме за тоа што може да направиме во врска со повторното именување на амбасадорите. Имавме можност да оцениме кои чекори ќе ги преземеме и кога.“

„Сигурен сум дека ќе имаме можност да ги подигнеме дипломатските односи на највисоко ниво колку што е можно поскоро“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата заедно со Шукри.

Двајцата министри разговарале за билатералните односи, како и за регионалните и меѓународните прашања.

Дипломатските односи меѓу Туркије и Египет се одржуваат на ниво на вршители на должности на двете страни по воениот удар во Египет во 2013 година, со кој беше соборен починатиот претседател Мохамед Морси.

Чавушоглу е прв министер за надворешни работи на Туркије што по 11 години го посети Египет.

Шефот на турската дипломатија рече дека имал искрени разговори со Шукри, нагласувајќи дека механизмите меѓу Туркије и Каиро ќе бидат обновени.

Анкара и Каиро треба да работат поблиску за регионот, рече Чавушоглу, додавајќи: „Ќе ја развиеме нашата соработка и за регионални прашања.“

Тој, исто така, истакна дека Анкара никогаш нема да ја заборави поддршката дадена од Каиро по силните земјотреси минатиот месец.

„Посебно би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на египетската Влада и на народот за поддршката што ни ја дадоа по земјотресот во Туркије“, додаде тој.

На 6 февруари земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа – одземајќи над 50.000 животи.

Сочувство упати целиот свет изразувајќи солидарност со Туркије, при што многу земји пратија спасувачки тимови и помош, вклучително и Египет.

По земјотресите, Шукри ги посети областите Адана и Мерсин погодени од земјотресот, а неговата посета на Туркије беше прва на египетски министер за надворешни работи по повеќе од една деценија.

Во меѓувреме, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси беше меѓу лидерите што телефонски разговараа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по земјотресите, изразувајќи сочувство за жртвите од земјотресот.

За можна идна средба меѓу претседателите, Чавушоглу рече дека тој и Шукри се подготвуваат, додавајќи дека Ердоган и Ал-Сиси можеби ќе се сретнат по претстојните избори во Туркије, закажани за 14 мај.

Шукри од своја страна рече дека развојот на турско-египетските односи е во интерес на двете земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сајкоски: Формирањето на македонската револуционерна организација и Илинденското востание ја докажува нашата посебност и нашата борба за автономија за посебна држава во која што ќе живее македонскиот народ

Следно

Трамп очекува да биде уапсен во вторник, повика на протести

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop