Чави: Сакаме да покажеме дека Барселона може со секого

February 23, 2023
1 min read

Манчестер Јунајтед и Барселона денес го играат реваншот во Лига Европа. Тренерот на каталонците Чави Ернандес посочи која ќе биде главната цел на неговите избраници.

-Јунајтед во моментот е еден од најдобрите тимови на Европа. Ова е најдобриот тим на Манчестер Јунајтед во последните години и тоа го покажуваат неодамнешните резултати. Тие внесоа многу карактер и интензитет во играта, страст, ритам, она што го покажаа во првиот натпревар. И ние ќе мора да го сториме истото, да покажеме карактер и да веруваме во нашиот начин на игра. Тоа е совршено сценарио во кое можеме да покажеме дека Барса може да се натпреварува и со еден од најдобрите европски тимови, -рече Чави и додаде:

-Сè уште не можеме да кажеме дека Барса се вратила. Ќе видиме утре, дали сме промениле или не. Сè уште сме во Лигата на Европа и го добивме најтешкиот противник во плеј-офот. Но тука сме, нè чека голем испит, порача Шпанецот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турскиот министер Сојлу: Бројот на загинати во земјотресите се зголеми на 43.556

Следно

Волстрит ослабна четврти ден по ред

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop