Чаирчанка останува во хаос и со бетон во средина, проширувањето на булеварот „заглави“ во Град Скопје

August 19, 2023
1 min read

реклама



Сообраќајниот хаос што се создава на булеварот Цветан Димов во општина Чаир, познат како Чаирчанка, ќе остане дел од секојдневието граѓаните уште долго. Тоа е затоа што постапката за проширување на овој булевар е закочена од страна на Град Скопје. Информацијата за ТВ21 ја соопшти градоначалникот на оваа општина, Висар Ганиу, кој пред три месеци изјави дека почнала евалуацијата на градбите околу патот, кои треба да се отстранат.

-Евалуацијата започна и според информациите што ги имавме тогаш, до 70% од објектите завршиле со проценките, но веднаш има стагнација и нема комуникација за тоа прашање, што понатаму. Мислам дека треба да седнеме со градоначалникот и со сите служби на Град Скопје и нашите служби за урбанизам и да видиме зошто динамиката не е како што беше најавено и да продолжиме, бидејќи има стагнација во таа насока“, рече Ганиту.

Ганиу не знае зошто е стопиран проектот, но предложи да ја прашаме градоначалничката Арсовска за причините. Дали наидоа на некакви проблеми во текот на процедурата или скопската градоначалничка Арсовска веќе не е заинтересирана за Чаир, бидејќи Ганиу е дел од новиот субјект на Демократското движење?

-Не знам сега дали е случајност или не тоа што се случи. Сигурно причините треба да се бараат кај г-ѓа Арсовска, но повторувам дека ние како општина Чаир на почетокот на овој втор мандат и првиот мандат на г-ѓа Арсовска бевме опоненти, но секогаш сме се обидувале да одржуваме добри институционални односи-изјави Ганиу.

Од Град Скопје немаше одговор зошто процедурата стагнира и кога може да почне проширувањето на булеварот Цветан Димов во Чаир.

реклама

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ ќе има француско напаѓачко трио

Следно

ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Обидот за внесување страв и самоцензура кај новинарите нема да успее

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop