Бутка ли британското разузнавање нова војна на Косово?

July 30, 2023
5 mins read

Во еден впечатлив пресврт, по повеќе од две децении замижување пред натенане бришењето на Србите од Косово, ЕУ и САД конечно се обидоа да го зауздаат ​​својот вазал, и со зачестени осуди и со санкции за Приштина.

Иако тривијални во споредба со казнените мерки што се применуваат врз државите каде што Западот сака промена на режимот, санкциите за Косово до скоро ќе беа незамисливи. И Брисел и Вашингтон му ставија до знаење на премиерот Албин Курти дека казните ќе бидат укинати, доколку тој ги ублажи тензиите со српското население и поработи на нивна интеграција. 

Курти сепак останува пркосен. Едно објаснување за неговата непопустливост може да биде тивкото охрабрување од британското разузнавање.

Во британскиот парламент, најотворена во осуда на санкциите за Косово беше пратеничката Алиша Кернс, шефица на Комитетот за надворешни работи на Долниот дом и близок соработник на различни косовски претставници.

The Grayzone открива дека Кернс е ветеран специјалист за психолошка војна и оперативец на британското разузнавање.

Нејзиното намерно скриено професионално резиме содржи силни сугестии за нејзиното потекло како офицер на МИ6 кој има вмешано прсти на разни сцени на конфликти.

„Дали нејзините скорешни јавни интервенции околу косовската криза можат да бидат искрата што конечно ќе го запали вториот фронт на украинската прокси војна во поранешна Југославија?“, се прашува Кит Кларенберг.

Британските „миротворци“ поставуваат темели за војна

Овој 4-ти јули, Кернс одржа извонредно агресивен и антагонистички говор во парламентот, портретирајќи ја Србија како центар на огромна мрежа за мешање во туѓи избори, организиран криминал, дезинформации, тероризам и дестабилизација што го опфаќа Балканот и пошироко.

Заврши со барање Лондон  да преземе решителна акција, распоредување пост-мировни трупи низ целиот регион за да се парира на наводните закани на Србија.

Кернс тврдеше дека организации на косовските Срби кои работат на дестабилизација на Косово се редовно финансирани и снабдувани со оружје од Белград како и дека КФОР знаеле за тоа но не презеле ништо.

Обвинението, кое никогаш претходно не било јавно изнесено од ниту еден западен функционер, предизвика широки негодувања не само во Србија туку и јавно негирање од страна на КФОР.

Крстоносната војна на Кернс за британска интервенција против Србија веројатно нема да биде попречена од обелоденувања како овие на Грејзон. Истиот ден кога КФОР го детонираше нејзиниот наратив, таа беше именувана од Политико како еден од главните 40 пратеници кои се „најефикасни во обезбедувањето промени во политиката и агендата во Вестминстер“.

Кернс има значајно малигно влијание и на други сцени на тајното војување кои допрва ќе бидат објавени, најавува Грејзон.

Кернс и Сирија

Во текот на децениската сириска криза, британското разузнавање, трошејќи милионски суми, спроведуваше различни тајни кампањи за информативна војна. Целта беше да се дестабилизира владата на Башар Асад, да се убедат Сиријците, меѓународните тела и западната јавност дека геноцидните милитантни групи поддржани од ЦИА и МИ6 кои ја пљачкаат земјата се „умерена“ алтернатива и да се преплават медиумите ширум светот со про-опозициска пропаганда.

Овие напори беа испорачани од плејада изведувачи во сенка. Протечени документи прегледани од Грејзон покажуваат дека меѓу 2014 и 2016 година, нивната работа била надгледувана и режирана од Кернс.

Таа работела на осмислување психолошка војна против „руската воена активност“ во Дамаск, го претставувала Лондон на тет-а-тет состаноци со министри за надворешни работи, највисоки верски водачи, невладините организации и странски војски во 15 земји. Нејзиниот тим испорачувал „и јавни и дискретни комуникациски кампањи“ во Велика Британија и Западна Азија.

За тоа време, Кернс добива три бонуси за „исклучителна“ работа и е номинирана за „награда за исклучителни политики“ на Форин Офисот. Од друга страна, внатрешната рецензија за работата на нејзината ќелија (која не била наменета за јавност)  била далеку помалку ласкава. Заклучиле дека овие тајни пропагандни програми „биле лошо планирани, веројатно биле нелегални и чинеле животи“.

Како шефица на ќелијата, Кернс ќе се состанувала со „екс“ членови на МИ6 и „го имала последниот збор за сè“. Крајно невообичаено е британски разузнавачки агенции да му доверат на цивил да ја надгледува работата на нивните оперативци. Самото ова силно сугерира дека таа не била обична вработена во Форин Офисот, туку била офицер на МИ6.

„Глобална Британија“ создава тајни сили за промена на режими на Балканот

Повеќето нормални деловни професионалци и политичари трубат за своите постигнувања и повеќе отколку што е потребно. Многумина често и ги украсуваат за да добијат наклоност кај идните работодавци, инвеститори или гласачи. Но, не и Алиша Кернс.

Во октомври 2011 година, таа регистрира компанија Public Communications Ltd. Фирмата, на која таа била единствена директорка, никогаш не поднела никакви сметки пред нејзината ликвидација во јануари 2014 година. Вообичаено, британскиот закон налага овие податоци да не можат да се избришат под никакви околности и да се чуваат 20 години по затворањето на компанијата. Но, евиденцијата за нејзиниот бизнис е избришана, што е уште еден сигнал за врската со MI6.

Кернс, или некој близок до неа, сериозно работел и на нејзините онлајн траги. Сите слики од интернет архивата на нејзината лична веб-страница пред 2020 година, кои опфаќаат две и пол години, се пренасочуваат на празна страница. Во меѓувреме, секој профил на LinkedIn исто така е исчистен од каква било референца за нејзината кариера пред да стане пратеник, откако беше избрана во декември 2019 година.

Сепак, останати се некои занимливи детали од локални медиуми, на пример дека била ангажирана во „контра-дезинформации и интервенции во хибридна војна“ низ целиот свет, особено на Западен Балкан.

Иако целосниот запис за работата на Кернс во регионот останува непознат, Форин офис од 2018 година на Балканот спроведува кампања позната како „Глобална Британија“. Протечените документи откриваат дека се работи за влијание врз составот на локалните, правните и регулаторните тела за унапредување на интересите на Лондон. Ова е постигнато со тајно финансирање на граѓански организации, невладини организации и медиуми.

Голем дел од оваа работа е спроведена под темата „спротивставување на дезинформациите“. Вистинската цел на овие напори е искрено наведена во протечениот документ па се вели дека Лондон нема да толерира политичко спротивставување на високо ниво на неговата агенда за Западен Балкан, а британското разузнавање е подготвено за активни мерки за неутрализирање на секој локален отпор.

Србија беше клучниот регионален отпор, идентификуван од Форин Офисот, поради високата јавна и политичка антипатија кон Британија. Незадоволството на српското население се поврзува со централната улога што Лондон ја одигра во 78-дневното „хуманитарно“ бомбардирање од страна на НАТО.

Заради ова, британското разузнавање мораше да ги оспори негативните перцепции за Лондон преку психолошка војна. Ова ќе треба да помогне да се обезбеди траен развод на Косово од Србија под фасадата на заложбите за „градење мостови меѓу заедниците“.

Наречена „Зајакнување на позитивниот мир во Косово и Србија“, операцијата чинела 5 милиони фунти помеѓу 2020 и 2022 година. Нејзината цел била да се зголеми поддршката за косовската влада меѓу Србите од северно Косово, со тоа што ќе ги убедат да ја напуштат матицата и да прифатат поширок локален идентитет.

Ова требало да се постигне со подривање на постојните „наративи засновани на идентитет“ и промовирање „алтернативни наративи“ преку „национални и регионални медиуми и влијателни лица на социјалните медиуми“.

Улогата на Британија во заговорот требало да биде строго чувана тајна. Организациите и поединците кои учествувале потпишувале NDA договори за доверливост и биле брифирани како, доколку бидат прашани, да го објаснуваат финансирањето на проектите. Само оперативци на највисоките нивоа би имале идеја за вмешаноста на Лондон.

Имале дури и „план за евакуација“ со предвидени „мерки за отстранување или уништување податоци, вклучително и хард дискови“, во случај планот да биде јавно протечен.

„Британија го дели ставот на КФОР“

Откако КФОР ја отфрли воинствената реторика на Кернс во парламентот, многу Срби ја обвинија дека намерно доведува животи во опасност. На Косово, вакво злонамерно ширење гласини има предизвикано ужасни крвопролевање последните две децении.

Спорни извештаи на локалните медиуми во 2004 година ги обвинија Србите за намерно давење на три албански деца, што предизвика масовни етнички индуцирани убиства и уништување голем број православни цркви. Подоцнежната истрага на ОБСЕ за убиствата заклучи дека „без непромисленото и сензационалистичко известување…настаните можеа да добијат поинаков тек“ и „можеби немаше да го достигнат интензитетот и нивото на бруталност или пак можеби и воопшто немало да се случат”.

„Како може специјалист за психолошка војна и експерт за Западен Балкан како Алиша Кернс да не е свесна за потенцијалните последици од нејзината антисрпска тирада во врска со буре барут како Приштина?“, прашува Кит Кларенберг. 

Една повисока личност во британскиот дипломатски естаблишмент, која се наоѓа многу поблиску до точката на конфликтот, јасно ја препозна запалливата природа на атакот на Кернс. Амбасадорот на Обединетото кралство на Косово, Николас Абот, категорично ги отфрли обвинувањата на Кернс дека Српската православна црква е вмешана во шверц на оружје. Минимизирајќи ги нејзините позиции како позиции на обичен парламентарец, Абот изјави дека британската влада апсолутно „ја дели позицијата на КФОР“.

На друго место, Абот забележа дека „многу“ од она што го видел во Приштина го потсетува на Северна Ирска. Таму, во текот на половина век долгите проблеми, МИ6 водеше тајна војна и „стратегија на тензии“ за кои не знаеја ни британските влади.

************

Види и:

Нашите први пријатели, Британците

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА СРПСКИОТ ПИСАТЕЛ ДАВИД АЛБАХАРИ

Следно

ПСЖ во Бенфика го најде новиот напаѓач

Latest from Blog

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави

Еден месец по смртоносните поплави, Шпанија се обидува да се опорави од големиот степен на уништување

Напорите за опоравување продолжуваат во јужна Шпанија, еден месец по разорните поплави во кои загинаа 230 лица, јавува Анадолу. Во Валенсија, регион најтешко погоден од поплавите на 29 октомври, оштетени беа над
Go toTop