БУКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА БУГАРСКИОТ ПИСАТЕЛ ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ И „ЗАСОЛНИШТЕ ВО ВРЕМЕТО“

May 24, 2023
1 min read

Бугарскиот писател Георги Господинов ја доби светски престижната книжевна Букерова награда, за својот роман „Засолниште во времето“ ( Time Shelter) во превод на Анџела Родел. Тоа е прва книга напишана на бугарски јазик која ја добива оваа меѓународна награда. Господинов е најпреведуваниот современ бугарски писател

Претседателката на жирито, Лејла Слимани го опиша делото како „брилијантен роман полн со иронија и меланхолија“ и додаде: „Тоа е многу длабоко дело што се занимава со современото прашање и исто така филозофско прашање: што се случува со нас кога нашите сеќавања исчезнуваат?“.

Наградата од 50.000 фунти, која се дели подеднакво меѓу авторот и преведувачот, се доделува секоја година за роман или збирка раскази на кој било јазик што е преведен на англиски и објавен во Обединетото Кралство или Ирска.

Ова е четврта книга на Госпдодинов која е преведна на англиски јазик.

„Непрекинато произведуваме минато. Ние сме фабрики за минато. Живи машини за минато, што друго. Јадеме и произведуваме минато. Дури и смртта не е решение. Човекот си отишол, а минатото му останало. Каде оди после сето тоа лично минато? Го купува ли некој, го собира ли, го исфрла ли?”, пишува Господинов во „Засолниште во времето“.

На македонски се објавени „Природен роман“ („Темплум“/„Или-Или“), „И други приказни“ („Темплум“), „Балади и распади“ („Блесок“), „Физика на тагата“ („Или-Или“), „И сè стана месечина“ („Или-Или“) и „Сите наши тела“ („Или-Или“).

Романот „Засолниште во времето“, кој излезе кон крајот на 2021, претставува 200. издание на популарната едиција „ПРОаЗА“ на „Или-Или“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Душко Крстевски, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето на Трамп за фалсификување деловни книги ќе започне во март 2024 година

Следно

Туркије: Во рамки на истрагата против ФЕТО приведени 30 осомничени од Командата на морнарицата

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop