Бујар Османи: Ризикуваме изолација како од 2006 до 2017 година ако не се качиме на брзата патека за ЕУ

May 13, 2023
2 mins read

Често кажувам дека ако нема европска можност оваа држава тешко дише. Европската идеја нас ни дава сила, ни дава гориво за реформи, ни е лепак за меѓуетничките односи, ни е кислород за државата. Без тој процес се плашам дека ќе почнеме да се гушиме како држава во изолација, вели Османи

Најмногу го чекам денот кога ќе се објават амандманите за да видат граѓаните за што се работи, дека во реченицата каде се споменати македонскиот народ, дел од албанскиот, српскиот, ромскиот, турскиот, влашкиот ќе се спомене и хрватскиот, бугарскиот, црногорскиот. Тука завршува, толку се уставните амандмани. Кога граѓаните ова ќе го видат, најмногу гнев ќе имаат кон тие што лажеле цело време – вели шефот на дипломатијата

Северна Македонија мора да се качи на брзата патека за ЕУ, во спротивно ќе остане во меѓународна изолација како што беше во периодот од 2006 до 2017 година, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

„Често кажувам дека ако нема европска можност оваа држава тешко дише. Европската идеја нас ни дава сила, ни дава гориво за реформи, ни е лепак за меѓуетничките односи, ни е кислород за државата. Без тој процес се плашам дека ќе почнеме да се гушиме како држава во изолација“,

рече Османи.

Според министерот, важно прашање за иднината на државата се уставните измени кои, како што рече, мора да се случат.

„Тоа е навистина премногу важно прашање за иднината на државата. Ако се стопираат преговорите во ноември, Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние влегуваме во една сериозна фаза, а можеби и декада на изолација. Се создава нова патека во регионот пред се заради Украина. Таа доби кандидатски статус по најбрза можна патека, најверојатно ќе добие и преговори, а тоа е важно и геополитички прашање. Европската Унија не може да прескокне на Украина, без да даде шанса на Западен Балкан. Ќе се создаде една патека и заради дијалогот Србија-Косово. Ние сме тука во можност да не се качиме на таа брза патека, да влеземе во период како во 2006-2017 година во една меѓународна изолација“,

додаде Османи.

Министерот вели дека уставните измени се во, како што рече, наш интерес и немаме аргумент да бидеме против нив.

„Ние имаме најдобар аргумент за бугарските радикали, дека ние не ги почитуваме правата на Бугарите. Овде е противењето на опозицијата да се внесат во Уставот. Јас, не сакам да шпекулирам, но се сомневам дека има некаков ‘дил’ помеѓу нашите и нивните радикали за да се хранат меѓу себе. На Бугарите целата кампања во ЕУ, во Советот на Европа, низ меѓународните тела им е дека во Северна Македонија се одвива масовна државна дискриминација кон нив. Они се повикуваат пред се на изјавите на нашата опозиција, на нивните ставови“,

рече Османи.

Османи вели дека со внесувањето на Бугарите во Уставот им се одзема аргументот дека имаме дискриминаторен став кон било која заедница. Тој, исто така, смета дека тоа би било позитивна одлука и за Македонците.

„А како ќе не загрози тоа нас, ако Бугарите ги прикажуваме како едно малцинство кое е сосема различно од македонското мнозинство во државата. Па, зарем не ни е тоа цело време наша позиција“,

вели Османи.

Според него, државата не можела ниту може да добие некогаш подобар договор од тој што го има сега, односно подобра Преговарачка рамка. Ниту, како што рече Османи, може било кој некогаш да има илузии дека може да репреговара за Преговарачката рамка. Тоа е сигурно, додаде министерот.

„Мислам дека граѓаните се субјект на овие манипулации на политичките партии во нивна партиска функција. Кога ќе почне кампањата најмногу го чекам денот кога ќе се објават амандманите за да видат граѓаните за што се работи, дека во реченицата каде се споменати македонскиот народ, дел од албанскиот, српскиот, ромскиот, турскиот, влашкиот ќе се спомене и хрватскиот, бугарскиот, црногорскиот. Тука завршува, толку се уставните амандмани. Кога граѓаните ова ќе го видат, најмногу гнев ќе имаат кон тие што лажеле цело време“,

рече Османи додавајќи дека мора да обезбедат 80 пратеници за да се има европска иднина за Македонија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Делфини изненадија туристи во Аланија

Следно

Зеленски се сретна со папата Франциск, му подари панцир носен од украински војник

Latest from Blog

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила

И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече
Go toTop