Бугарското МНР ќе ни врачи протестна нота за претепувањето на секретарот на „Цар Борис Трети“

January 20, 2023
2 mins read

Во реакцијата за нападот, бугарското МНР вели дека тој е последица на тоа што нема системски одговор од нашите власти за злосторствата над Бугарите, но и доказ дека Северна Македонија не може да ја гарантира безбедноста ниту на сопствените граѓаните. Проблемите со правата на Бугарите, според Софија, не може да се негираат од македонските власти и од меѓународната заедница и порачуваат дека тоа е неспоиво со членство на земјава во ЕУ

Амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, ќе биде повикана во бугарското МНР за да ѝ врачат протестна нота поради претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид што се случи синоќа во угостителски објект.

Од бугарското МНР порачуваат дека властите на Северна Македонија мора да преземат итни и ефективни мерки за борба против злосторствата од омраза врз Бугарите. За инцидентот, министерот за надворешни работи, Николај Милков, веќе разговарал со неговиот колега Бујар Османи, од кого, како што велат, добил уверување дека ќе им се даде потребната помош на локалните власти, а привремениот раководител на генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во постојан контакт со повредениот.

„Бугарската држава со месеци упорно го потенцираше своето очекување властите во Северна Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата. Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со последните напади, вклучително и пукањето со огнено оружје врз организацијата ’Цар Борис Трети‘ од крајот на 2022 година. За жал, нападот од 19 јануари 2023 е пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и неможноста да ја исполчни својата главна обврска – да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“,

пишува во реакцијата од бугарското МНР.

Понатаму, додаваат и оти очекуваат надлежните органи да преземат итни активности за откривање и изведување пред лицето на правдата и казнување на напаѓачите.

„Плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста меѓу луѓето се универзални принципи кои ги врзуваат европските демократски општества. Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“,

велат од МНР на Бугарија.

Настанот, како што веќе објавивме, е регистриран во охридската полиција и тројцата напаѓачи на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид веќе се идентификувани.

„На 19.01.2023 околу 22:30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј ’Македонија‘ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид“,

соопштија претходно од МВР.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ планира да јаде штурци

Следно

Приведени две лица поради дрога во Аеродром и Гази Баба

Latest from Blog

Тоневски: 100 дена – проекти, реформи и план за развој

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, по повод 100 дена од преземањето на функцијата, информираше за затекнатата состојба во општината, потенцирајќи дека биле констатирани сериозни финансиски и административни проблеми. Тој посочи дека заклучно

Трамп се обрати до нацијата: Маратонски говор за успесите на неговата администрација

Нашата нација се врати поголема, побогата и посилна од кога и да е, рече во обраќањето американскиот претседател, зборувајќи од рекордните нивоа на берзите преку ниските цени на горивата до спречувањето на

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Хоџа, како што информира Министерството за

Милошоски на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на 26 и 27 февруари ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на

Финансиска поддршка за спортот: Битола распредели буџет од 3 милиони денари

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година. Право на учество на јавниот повик
Go toTop