Бугарско национално радио: ЕУ ги раздвојува Македонија и Албанија со која ќе почне преговори во октомври

September 26, 2024
1 min read

Постојаните претставници на ЕУ на средбаТА во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио… Според дипломатските извори на БНР, тоа де факто значи одвојување на Албанија и  Македонија во процесот за пристапување во ЕУ. 

Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“. 

Бугарското национално радио пренесува дека во однос на Република Северна Македонија, на првата меѓувладина конференција во 2022 година, јасно беше кажано дека земјата ќе почне да ги отвора преговарачките кластери кога целосно ќе ги исполни правно обврзувачките обврски и ќе направи измени во својот устав за да ги вклучи Бугарите во него. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските воздушни напади врз Либан убиено цело семејство и покрај повиците за прекин на огнот

Следно

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop