Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

September 26, 2024
1 min read

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се одговорност на раководните лица на одделните буџетски корисници.

На несоодветен начин, од овие програми во текот на 2021 година исплатени се средства во вкупен износ 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра.

Власта на СДС и ДУИ исплатиле 23 милиони евра во 2021 година преку Генералниот секретаријат, по основи, по кои не можеле и не требале.

И додека за една година исплатиле 23 милиони евра на сомнителен начин, граѓаните собираа пари за лекување на деца по СМС пораки, немаше навреме учебници, ја покачија струјата, пожари се гасеа со возила стари 40 години.

Начинот на кој функционирал Генералниот секретаријат е начин на кој функционирала целата влада на СДС и ДУИ. Неодговорно и недомаќински, рече Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарско национално радио: ЕУ ги раздвојува Македонија и Албанија со која ќе почне преговори во октомври

Следно

Борисов: Никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство – Албанија го прифати бугарското малцинство

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop