Партијата ГЕРБ и прозападниот блок на кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат, пренесува Ројтерс.

Бугарската агенција БТА јави дека оставката на Денков ќе биде проследена до парламентот, но не прецизира кога Габриела ќе положи заклетва.

Весникот „Софија глоуб“ предупреди дека и покрај договорот, коалицијата може да се распадне поради спор меѓу коалициските партнери за натамошните чекори по оставката на Денков.

ГЕРБ инсистира Габријел покрај премиерската да ја задржи и функцијата министер за надворешни работи и предлага ротација на секои 15 наместо девет месеци, но преговорите за овие прашања се уште траат.

Се очекува двете страни до петок да објават дали постигнале договор.