Бугарска донација за општина Пустец, Колефски вели добредојдена е секоја помош што нема никаква заднина

September 14, 2024
1 min read

Фондацијата „Бугарска меморија“ обезбеди уште една голема донација за потребите на граѓаните на општина Пустец, модуларна болница за брза помош опремена со целиот неопходен мебел и опрема, клупи за селата од регионот, копир апарати и принтери за потребите на администрацијата на општината, објави албанската државна агенција АТА.

Во присуство на претседател Милен Врабевски и претставници на фондацијата, како и амбасадорот на Бугарија, Ивајло Киров, примопредавањето на донацијата било во селото Голобочани, каде ќе биде поставена модуларната болница.

– Модуларната болница ќе обезбеди соодветни услови за прегледи и добивање соодветна терапија, поради кои жителите на селото во моментов се принудени да патуваат до Пустец или Долна Горица. Со тоа ќе се овозможи и присуство на медицински персонал во Глобочани. Донираните клупи ќе бидат поставени во центрите на селата во општината, наведува агенцијата.

Апаратите за копирање и печатење ќе се користат во реновираната зграда на општина Пустец и се продолжение на донацијата на „Бугарска меморија“ направена во текот на април годинава. Тогаш беа донирани мебел и компјутерска опрема за потребите на општинската администрација, односно вкупно 25 компјутери, 25 монитори, 44 канцелариски маси, столчиња и друго.

– Да, денеска добивме нова донација од споменатата фондација. Ние сме мала, сиромашна општина. Секоја донација е добредојдена, доколку нема никаква политичка или друга заднина, рече кусо за МИА, градоначалникот Пали Колефски.

АТА потсетува дека во 2023 година, повторно со иницијатива и финансирање на „Бугарска меморија“, екипа специјалисти-кардиолози престојувала во Пустец пружајќи бесплатни прегледи на жителите на деветте села во општината а неколку месеци подоцна, бугарската фондација донирала медицинска опрема и потрошен материјал во Здравствениот дом во Пустец. Фондацијата во 2020 година донирала амбулантно и противпожарно возило и џип за општина Пустец.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оценки на аналитичарите по средбата Сиљановска – Давкова – Радев во Софија

Следно

Кабинет на претседателката Сиљановска – Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Latest from Blog

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop