Бугарите денеска гласаат на петтите вонредни парламентарни избори за помалку од две години

April 2, 2023
1 min read

Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник

Во Бугарија денеска се одржуваат петтите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник.

И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто сè уште да се двоумат дали да излезат, оставајќи конечната одлука да ја донесат на самиот ден на гласањето. 

Предводивањата се дека по денешното изјаснување на граѓаните во новиот парламент ќе влезат пет партии и коалиции – ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Движењето за права и слободи (ДПС) „Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП).

„Бугарски подем“ и „Левица!“ имаат теоретски шанси да ја прескокнат бариерата од четири проценти, но гласањето во голема мерка ќе зависи од нивната способност да ги убедат своите гласачи да отидат до гласачките места. 

Од друга страна, бугарските избирачи, заморени од честите гласања, се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес променливо облачно проследено со дожд и грмежи, од утре големи промени

Следно

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop