БРУС СПРИНГСТИН СТАНА МИЛИЈАРДЕР

July 19, 2024
1 min read

Шефот и официјално е милијардер. Брус Спрингстин (74), познат по прекарот Шефот (The Boss), кој со песните како „Пустелија“ (Badlands), „Гладно срце“ (Hungry Heart) и „Мој роден град (My Hometown) стана рокенрол гласот на работничката класа, сега вреди 1,1 милијарда долари, според „конзервативната“ проценка на Форбс.

Голем дел од неговата нето вредност се зацврсти во изминатите неколку години. Во 2021, Спрингстин го продаде својот музички каталог на „Сони“ за околу 500-550 милиони долари, што беше најголемата трансакција што некогаш е направена за дело на еден уметник. „Полстар“ објави дека во 2023, Шефот продал повеќе од 1,6 милиони билети за концерт, со што генерирал приход од 380 милиони долари.

Со повеќе од 71 милион продадени албуми во САД и 140 милиони ширум светот, Спрингстин е меѓу најпродаваните музички уметници на сите времиња. Добитник е на 20 Греми награди, Оскар и специјална награда Тони за „Спрингстин на Бродвеј“, неговото успешно соло шоу.

Спрингстин израснал во семејство од работничка класа во град на брегот на Џерси и ја купил својата прва гитара откако ги гледал „Битлси“ во „Шоуто на Ед Саливан“. Свиреше во бендови во средно училиште и го издаде својот деби албум во 1973, „Поздрав од Осбари Парк, Њ.Џ.“ (Greetings From Asbury Park, N.J). Пеејќи за возбудувањата и замките на адолесценцијата, младешката љубов и ослободувањето од Њу Џерси, Спрингстин ги создаде хитовите како „Роден да бега (Born to Run), „Танцувајќи во темницата“ (Dancing in the Dark) и други. Тој стана херој на обичниот човек со стихови за искушенијата на секојдневниот живот, а неговиот комерцијален успех и маратонските концерти му помогнаа да се катапултира во една од најважните фигури во американската популарна музика. Заедно со „И стрит бенд“, Спрингстин сè уште е на турнеја низ светот и изведува концерти кои траат повеќе од три часа.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ракометните младинци со нова победа на ЕП, сега над Унгарија

Следно

Манчестер Јунајтед во трка за потпис на Чави Симонс

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop