Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

December 14, 2025
1 min read

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба.


Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс изјави дека властите не бараат други сторители. Тој рече дека двајцата напаѓачи биле татко и син, на возраст од 50 и 24 години. Таткото бил убиен во полициска интервенција, додека синот е сè уште во болница.

40 лица беа ранети. На плажата Бонди се одржа настан по повод првиот ден од прославата на еврејската Ханука. Нападот беше официјално прогласен за терористички.


Минс потврди дека во нападот загинале 15 невини луѓе, како и еден од напаѓачите. Тој додаде дека возраста на жртвите се движи од 10 до 87 години.

Тој исто така рече дека 42 лица се уште се во болница и ја повика локалната заедница да се поддржуваат едни со други.


„Да знаат дека обичните Австралијанци, обичните луѓе, се со нив и мислат на нив во овој ужасен, насочен напад врз настан што требаше да биде радосен и што тие имаа секое право да го споделат со заедницата на Бонди Бич“, рече Минс.

Четири деца се меѓу повредените.

„Се надеваме и се молиме да преживеат. Следните часа ќе бидат најтешки“, изјави министерот за здравство.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишни путер колачиња, радост за најмалите

Следно

Реал славеше минимално, Чаби си ја сласи работата (ВИДЕО)

Latest from Blog

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop