Бројот на загинати во Газа достигна 39.400, израелските сили убија уште 37 Палестинци

July 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Уште најмалку 37 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број загинати од 7 октомври минатата година достигна 39.400, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 90.996 Палестинци се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 37 луѓе и повредија 73 во три ‘масакри’ врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа почнувајќи од 7 октомври минатата година.

По повеќе од девет месеци израелски напади, големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британија забрани блокатори на пубертет

Следно

Туркије и Ерменија ќе го продолжат процесот на нормализација „без никакви предуслови“

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop