Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд се искачи на седум, се стравува дека ќе има повеќе жртви

February 17, 2023
1 min read

Комуникацијата и пристапот до многу области остануваат отежнати, а се спроведуваат и надзорни летови за да се процени штетата и да се идентификуваат оние кои можат да бидат отсечени поради невремето

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд се искачи на седум, а властите веруваат дека ќе продолжи да расте бидејќи службите за итни случаи допрва треба да стапат во контакт со стотици населени места.

„Мораме да се подготвиме за фактот дека веројатно ќе има повеќе смртни случаи низ целата земја“,

рече премиерот на Нов Зеланд Крис Хипкинс, пренесува Ројтерс.

Циклонот Габриел, кој го погоди северниот дел на Нов Зеланд, ги принуди луѓето во погодените области да пливаат подалеку од нивните поплавени домови за да се спасат.

Владата на Нов Зеланд прогласи вонредна состојба во целата земја, што се случи само трет пат во историјата на земјата.

Бројот на загинати се зголеми во текот на ноќта, бидејќи уште еден доброволец пожарникар, Крег Стивенс, кој беше фатен во лизгање на земјиштето во близина на Окленд претходно оваа недела, почина во болница.

Комуникацијата и пристапот до многу области остануваат отежнати, а се спроведуваат и надзорни летови за да се процени штетата и да се идентификуваат оние кои можат да бидат отсечени поради невремето.

Колони камиони кои превезуваат храна, вода, лекови и гориво се движат кон оддалечените области, а одбранбените сили користат бродови за транспорт на неопходните работи до областите на источниот брег.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чадиковски: Излегуваме на марш за да кажеме дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени

Следно

Зеленски: Приоритет е да се задржат руските напади

Latest from Blog

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го намали влијанието на царините врз автомобилската индустрија, олеснувајќи дел од давачките за странски автомобилски делови што се користат во домашното производство и спречувајќи

Барселона сака да го продолжи договорот со Флик

Раководството на Барселона ги продолжува преговорите со тренерот Ханси Флик за нов договор. Според инсајдерот „Фабрицио Романо“, договорот ќе биде склучен во мај. Германскиот фудбалски стручњак сака да остане во клубот. Барселона

Прекрасен поглед на зајдисонцето по дождот и невремето во Њујорк

СКОПЈЕ (АА) – Грмотевично невреме проследено со силен дожд и ветер го погоди Њујорк, но токму тоа донесе спектакуларен крај на денот – зајдисонцето над Менхетен, по расчистувањето на небото, создаде спектакуларна

Сиљановска-Давкова: Потребна е реформа на Уставниот суд

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ.  Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот
Go toTop