Бројот егзопланети, потврдени од НАСА, достигна 6.000 тела

September 19, 2025
2 mins read

Тој подвиг е постигнат по само три десетлетија истражување на светови надвор од нашиот Сончев Систем.

„Само пред три години, тој број беше 5.000. Барем по номинална вредност, стапката на откривање изгледа експоненцијална – што е добра работа, бидејќи теоретски треба да има уште милијарди светови што можат да се пронајдат. Влегуваме во следното големо поглавје од истражувањето, а тоа се светови надвор од нашата имагинација. Бараме планети што би можеле да содржат живот – наши космички соседи… Универзумот сè уште има светови што чекаат да бидат пронајдени“, се вели во соопштението на НАСА.

Егзопланета е планета којашто орбитира околу друга ѕвезда, различна од Сонцето, т.е. се наоѓа во друг планетарен систем. Со други зборови, тоа е планета надвор од нашиот Сончев Систем.

Веста беше објавена во среда, 17 септември, што речиси се совпаѓа со 30-годишнината од кога научниците ја потврдија првата егзопланета околу ѕвезда слична на Сонцето, имено – „51 Пегаси б“. Таа е откриена на 6 октомври 1995, благодарение на астрономите Мишел Мејор и Дидие Ќелоз, а се работи за гасовит џин со маса којашто е 64 отсто од онаа на Јупитер. Планетата се наоѓа на приближно 50 светлосни години од Земјата. 

„Потврдените планети ги додаваат научници од целиот свет континуирано, така што ниедна планета не може да се смета за 6.000-ти запис. Постојат повеќе од 8.000 планети кандидати коишто чекаат потврда“, соопшти агенцијата.

Всушност, во мигот на оваа, се вели, технички, бројот е 6.007 егзопланети на листата на НАСА. Така, едно „ново откритие“ претставено од НАСА е „КМТ-2023-БЛГ-1896-Лб“ – планета слична на Нептун, со маса 16,35 пати поголема од масата на Земјата. НАСА е одговорна за поголемиот дел од откриените егзопланети, а нејзиниот „Транзитен сателит за истражување егзопланети (Transit Exoplanet Survey Satellite) – „ТЕСС“ откри 693 тела. Сега веќе „пензионираниот“ вселенски телескоп „Кеплер“ има пронајдено повеќе од 2.600 егзопланети.

Секоја од досегашните 6.007 планети претставува свет споредлив со планетите на нашиот Сончев Систем, коишто научниците ги проучуваат со векови. Тој број вклучува 2.035 тела слични на Нептун или Уран. Тие обично имаат „атмосфери доминирани од водород и хелиум со јадра од карпи и потешки метали“, според НАСА. Сепак, вреди да се напомене дека „метали“ не мора да значат метални елементи. Тоа е малку збунувачко, бидејќи во астрономијата се однесува само на елементи потешки од водородот и хелиумот.

– Секој од различните видови планети што ги откриваме ни дава информации за условите под коишто можат да се создаде планета и, на крајот – колку се чести планетите слични на Земјата и каде треба да ги бараме? Ако сакаме да откриеме дали сме сами во универзумот, сето ова знаење е од суштинско значење, рече Дон Гелино, менаџер на Програмата за истражување на егзопланети на НАСА, со седиште во Лабораторијата за млазен погон во Јужна Калифорнија (САД).

Сепак, видеообјавата на агенцијата го споменува и егзистенцијалниот аспект на потрагата по егзопланети.

„Постои една што не сме ја пронашле – планета слична на нашата. Барем не засега“, се истакнува.

Во таа смисла, постојат 1.984 гасовити џинови и 1.761 супер-Земји. Инаку, овие супер-Земји се егзопланети што се малку поголеми од Земјата, но сепак помали од Нептун и Уран. Во ова множество егзопланети на НАСА се вклучени и 700 „копнени“ или карпести планети, како и седум „непознати“ типови.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Кралевите“ повторно на „Енфилд“ – нова ѕвезда од 17 милиони евра на мета на Реал!

Следно

Познат американски музичар загина во авионска несреќа

Latest from Blog

Мухамед Елмази: Доста веќе мрак! Уште 30 дена ќе ги запалиме светлата на надежта за Сарај!

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Сарај, Муһамед Елмази, му возврати на својот ривал Блерант Рамадани, кој во еден статус вети „палење на светлата на победата“. Елмази потенцираше дека граѓаните на Сарај

Ратклиф отпатува во Манчестер за да разговара со Аморим

Еден од ко-сопствениците на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф, вчера пристигна со хеликоптер во базата Карингтон за да одржи серија разговори, вклучително и со менаџерот на тимот, Рубен Аморим, објавува „Атлетик“. Според

НАТО потврди пресретнување на руски авиони над Естонија, Калас: Не смееме да покажеме слабост

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, потврди дека алијансата реагирала на инцидентот и пресретнала руски борбени авиони во естонскиот воздушен простор. „Порано денес, руски авиони го нарушиле естонскиот воздушен простор. НАТО веднаш реагираше

НП „Пелистер“ инвестира во безбедност и модерни капацитети на Ловечка

На локацијата позната како „Ловечка“ на 2000 метри надморска височина, Националниот парк „Пелистер“ започна со активности за рушење на објект кој беше опожарен во ноември 2021 година. Од паркот информираат дека опожарениот

Меџити: Хасанбег се менува, се гради заштитниот канал од поплавите што одзедоа 23 животи

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружен од претседателот на Собранието, Африм Гаши и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес ја посетија
Go toTop