Брод со над 2.700 тони хуманитарна помош замина од Туркије кон Газа

March 7, 2024
1 min read

МЕРСИН (АА) – Во соработка предводена од турската Црвена полумесечина уште еден брод со 2.737 тони хуманитарна помош замина од јужната турска област Мерсин кон Појасот Газа, кој е разурнат од војна, пренесува Анадолу.

Помошта вклучува пакети со храна, вода, брашно, облека, хигиенски производи, шатори, вреќи за спиење, ќебиња, материјали за засолниште и медицински материјали.

На церемонијата пред тргнувањето на помошта за Газа, претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз, рече дека помошта ќе стигне до египетското пристаниште Ал-Ариш, од каде што ќе биде натоварена во камиони за предвидената дестинација.

Туркије работи на поддршка на Палестина, а досега има испратено помош со 12 авиони и шест брода.

Израел започна воена офанзива врз Појасот Газа по офанзивата на Хамас на 7 октомври, во која се убиени повеќе од 30.800 Палестинци. Војната, исто така, доведе до масовно раселување, уништување и недостиг на храна во опколената енклава.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По победите на „супервторник“, Трамп го предизвикува Бајден на ТВ-дебата

Следно

Во Ирска референдум за измена на членот од Уставот – „местото на жената е во домот“

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop