Брод со хуманитарна помош се приближува кон брегот на Газа

July 27, 2025
1 min read

Пропалестинското движење „Флота на слободата“ синоќа објави дека нивни нов брод, што носи хуманитарна помош за Газа, се приближува кон бреговите на палестинската енклава со намера да се закотви таму денес наутро, и покрај блокадата што ја воведе Израел.

Бродот „Хандала“, изнајмен од тоа меѓународно движење во поддршка на Палестинците, успеа да се приближи до брегот на Газа од претходниот брод „Мадлијн“, што беше запрен од Израел во јуни, а вчера беше само на 105 наутички милји (194 км) од брегот на палестинската територија, соопштија организаторите.

На бродот има 19 активисти од различни националности, вклучувајќи двајца пратеници од француската радикална левичарска партија „Бунтовничка Франција“ – Габриел Катала и Ема Фурауд, како и двајца новинари. Бродот го напушти пристаништето Сиракуза, Сицилија, на 13 јули.

Израелските поморски сили објавија дека нема да дозволат бродот да стигне до окупираната палестинска територија.

Бродот „Хандала“, транспортира медицински потрошен материјал, прехранбени производи, опрема за деца, како и лекови.

Експедицијата финансирана од кампањата има за цел да ја пробие израелската блокада наметната врз Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се уште беснее пожарот во Пустец, се надеваат на помош и од соседните земји

Следно

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop