Брнабиќ ќе бара од ОДИХР дополнителни објаснувања за делот од извештајот за медиумите

June 4, 2024
1 min read

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека од ОДИХР ќе побара дополнителни објаснувања за дел од нивниот извештај за локалните избори во однос на медиумското покривање, јави Бета.

Гостувајќи на ТВ Прва Брнабиќ кажа дека ОДИХР е критичен кога станува збор за застапеноста на власта во медиумите и оцени дека РТС не бил наклонет на владејачкото мнозинство туку на опозицијата.

-Јавниот сервис беше нагласено наклонет кон опозициските партии. Не е во ред во дебатна емисија на РТС односот на силите да е три спрема еден и опозицијата да има 45 минути, а нашиот претставник 15, изјави Брнабиќ, пренесе белградската агенција.

Првиот човек на Набљудувачката мисија на ОДИХР во Србија, Ламберто Заниер, вчера кажа дека за време на предизборната кампања за локалните избори е забележано „селективно медиумско известување“ и дека медиумите на јавниот сервис првенствено биле фокусирани кон претседателот Александар Вучиќ, владата и владејачките партии.

-На опозицијата и дадоа пристап до медиумите само во последните десет дена пред изборите. Националните приватни даватели на медиумски услуги во голема мера ги фаворизираа јавните функционери и владејачките партии, додека од друга страна ја маргинализираа и често во негативно светло известуваа за опозицијата, рече Заниер. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дарко Костадиновски е нов претседател на Уставниот суд

Следно

Шефот за човекови права на ОН повика на ставање крај на убивањето на Западниот Брег

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop