Британското разузнавање тврди дека забраната за регрутирање затвореници предизвикува проблеми на групата „Вагнер“

March 13, 2023
1 min read

Можно е руската приватна воена компанија „Вагнер“ да пројавува проблеми во војната во Украина бидејќи не може да регрутира нови затвореници, проценуваат британските разузнавачки служби, јави ДПА.

Британското Министерство за одбрана во серија твитови објави дека Москва му забранила на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин да регрутира платеници во затворите. Половина од досега регрутираните затвореници станаа жртви на тешките борби, а кампањата на национално ниво за регрутирање офицери не успеа да ги надомести загубите, се наведува во денеска објавените твитови.

„Доколку забраната продолжи, Пригожин најверојатно ќе биде принуден да го ограничи обемот или интензитетот на операциите на „Вагнер“ во Украина“, заклучи британското Министерство за одбрана.

Платениците на „Вагнер“ се особено активни во битката за градот Бахмут, во источна Украина, посочува ДПА.

Од почетокот на руската инвазија, британското Министерство за одбрана објавува дневни извештаи за напредокот на војната, повикувајќи се на своите разузнавачки служби. Москва го обвинува Лондон дека води кампања за дезинформирање на јавноста. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

(Фото) Велосипедист прегазен кај „Сити Мол“

Следно

Ковачевски: Го исполнивме ветувањето за повисока минимална плата, од април секој работник ќе зема минимална плата од 20.175 денари

Latest from Blog

Парламентарните групи за соработка како мост за приближување со Чешка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешка. На средбата присуствуваше и чешкиот

Бојко Борисов се повлече: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!

Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој со олеснување ја повлекува својата

Промотивно видео: „Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа“

Македонската триатлон федерација го претстави своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури. -Ова видео ја

Израелскиот Кабинет ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Либан

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот Кабинет треба да се состане денес за да гласа за предлогот за прекин на огнот со Либан, поддржан од САД, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. Израелскиот јавен сервис
Go toTop