Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во државава ќе се градат кампови за мигранти

May 17, 2025
1 min read

Британскиот амбасадор во државава Метју Лосон ги демантира информациите дека со Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото кралство во земјата ќе се градат кампови за мигранти.

-Суштината на ова стратешко партнерство се инвестиции, раст на економијата работење заедно за взамена корист и на веќе одличното трговско партнерство. Драго ми е што земјата се согласи дека ќе се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите, но тоа ќе се однесува на полициските сили кои што ќе работат заедно, соочување со криминалните банди, подобро споделување на разузнавачки информации и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство во однос на безбедноста, трговијата, одбраната, инвестициите. Знам дека има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но овде не се работи за тоа, подвлече Лосон на заедничката прес – конференција со премиерот Хростијан Мицкоски по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Прашан дали во рамки на стратешкото партнерство може да се очекува и олеснување на визниот режим за македонските граѓани, британскиот амбасадор истакна дека во моментов притисоците од мигрантите во Обединетото Кралство се навистина големи, но ова е нешто за што може да се разговараме во рамките на стратешкото партнерство.

-Ќе продолжиме да зборуваме за сите овие прашања, но сметам дека политички за нас во моментов е навистина тешко особено кога станува збор за миграцијата, и токму таму се рефлектирта и визниот режим дури и со мошне блиски партнери како Северна Македонија. Но, ова стратешко партнерство може само да помогне да се продлабочат односите, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите, рече амбасадорот Лосон.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Партнерството Турција-САД е од витално значење за стабилноста во регионот и во светот“

Следно

Акциска контрола во Македонска Каменица – точеле алкохол на малолетници!

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop