Британски хирург си ги замрзнал нозете за да ги ампутира, сега е откриено зошто го направил тоа

September 6, 2025
1 min read

Британскиот хирург Нил Хопер (49), познат како „хирургот со протези“, е осуден на повеќе од две години затвор откако судот откри дека намерно ги замрзал своите нозе пред ампутација за да заработи повеќе од 600.000 долари од осигурителните компании.

Хопер тврдел дека неговите ампутации во 2019 година биле последица на сепса и мистериозна болест, што привлече големо медиумско внимание и го направи познат како човек што се обидувал да стане астронаут со протези.

Сепак, вистината е дека самиот Хопер ги предизвикал ампутациите, користејќи сув мраз, и се изјаснил за виновен за измама и за поседување екстремна порнографија поврзана со веб-страницата „Eunuch Maker“.

Сексуална фиксација и врски со криминална мрежа

Обвинителите тврдеа дека Хопер бил сексуално фиксиран на ампутациите и разменувал пораки со Мариус Теодор Густавсон, познат како основач на сајтот „Eunuch Maker“, кој веќе е осуден на доживотен затвор за водење криминална мрежа за екстремна модификација на телото.

Судијата истакна дека материјалите поседувани од Хопер прикажуваат „екстремни нивоа на штета“, а адвокатот на Хопер рече дека неговиот клиент се кае за лажните приказни околу ампутациите, но не и за самите операции.

Кој е „Eunuch Maker“?

Густавсон, кој ја водеше веб-страницата EunuchMaker.com со речиси 23.000 корисници, бил вмешан во нелегални процедури вклучувајќи кастрации, електрични шокови, жигосување и чување делови од телото како „трофеи“. Иако некои учесници наводно дале согласност, обвинителите наведуваат дека процедурите биле нелегални и сериозно штетни.

Обвинителите истакнаа дека мотивацијата на Густавсон и Хопер била комбинација од сексуален интерес, телесна дисморфија и финансиска добивка, што довело до сериозни повреди на другите.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов лик со модерни сообраќајни инфраструктури

Следно

Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop