Британците во масовен штрајк: На улиците излегоа лекарите, машиновозачите, наставниците, новинарите

March 15, 2023
1 min read

Од медицински сестри до адвокати, работниците погодени од зголемената инфлација штрајкуваат низ целата земја против владата која вели дека зголемувањето на платите е неодржливо и само ќе ја зголеми инфлацијата

Наставниците, машиновозачите и државните службеници им се придружија на лекарите во масовниот штрајк откако министерот за финансии го објави предлог-буџетот. Со стотици илјади луѓе кои излегоа на улиците, се очекува ова да биде најголемата еднодневна индустриска акција од почетокот на немирите минатата година.

Од медицински сестри до адвокати, работниците погодени од зголемената инфлација штрајкуваат низ целата земја против владата која вели дека зголемувањето на платите е неодржливо и само ќе ја зголеми инфлацијата. Покрај платите, за кои велат дека не се во чекор со растот на трошоците за живот, работниците штрајкуваат и поради условите за работа, безбедноста на работните места и пензиите.

Меѓу другите, на улица излегоа универзитетски професори и новинари на Би-би-си. Поради штрајкот на машиновозачите, во прекин е сообраќајот на метрото во Лондон.

„Лекарите штрајкуваат, машиновозачите штрајкуваат, наставниците штрајкуваат. По првпат во последните неколку години, анкетите покажуваат дека луѓето силно ги поддржуваат нашите постапки“,

рече Марк Сервотка, шеф на синдикатот за јавни служби.

Додека министерот за финансии го презентираше Буџетот во Парламентот, стотици луѓе маршираа покрај кабинетот на премиерот во Даунинг стрит скандирајќи:

„Што бараме? Десет проценти. Кога? Сега!“.

Лекарите штрајкуваат од понеделникот, жалејќи се дека некои од нив се помалку платени од келнерите. Лекарската комора соопшти дека платите на лекарите од 2008 година паднале за 26 отсто.

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Вавилон“, еден од најозборуваните филмови на сезоната вечерва во Кинотека

Следно

(ВИДЕО) Најмалку 14 лица ги загубија животите во поплавите во Турција

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop