Бразилците од Њукасл доживеаја авионска драма, по 12 часа лет слетаа во Амстердам

October 8, 2025
1 min read
фото: SportyFM Ghana (X)

Фудбалерите на Њукасл, Жоелинтон и Бруно Гимараеш, преживеале вистинска драма во обид да се приклучат на собирот на бразилската репрезентација во Јужна Кореја.

Таму тимот предводен од Карло Анчелоти треба да одигра пријателски натпревар против домашната селекција во петок, а долгото патување тргнало наопаку за ѕвездите на Њукасл.

Имено, стаклото на авионот со кој патувале било скршено, поради што летот за Јужна Кореја бил откажан, а авионот бил принуден да направи полукружно свртување назад кон Амстердам, од каде што полетал. По 12 часа во воздух, двоецот на „страчките“ слетал назад во холандската престолнина и на крајот ќе мора да летаат со посебни летови за да им се придружат на своите соиграчи во Сеул.

На крајот, се поставува и прашањето дали воопшто ќе учествуваат во натпреварот по сè што поминале во последните неколку часа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ воведува биометриски контроли за влез и излез за граѓаните надвор од унијата од 12 октомври

Следно

Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2

Latest from Blog

ТикТокерка опседната со шоубиз брачен пар, по неколку дена доби „скапо плико“

Целиот случај брзо стана медиумска приказна што привлече огромно внимание од јавноста и социјалните медиуми. Правната постапка беше поттикната од серија видеа на TikTok во кои инфлуенсерката Џули Тајс тврдеше дека бракот

Јуве шокиран на Сардинија, Каљари слави

Во 21-то коло од италијанската Серија А, тимот на Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Каљари, со 1:0 (0:0). Одлучувачкиот момент на мечот беше 65-тата минута кога Лука Мацители го постигна голот

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски,

Мајкл Карик: Се чувствувам гордо

Екипата на Манлестер Јунајтед денеска во феноменално одигран меч забележа победа во градсткото дерби против тимот на Манчестер Сити. Новиот менаџер на Јунајтед, Мајкл Карик имаше свое деби и тоа какво. Со

Обврска кон АВМУ: Овие субјекти сега подлежат на регулација

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни
Go toTop