Бразилски фудбалер ја пробал исхраната на Роналдо: Мислев дека ќе умрам

March 29, 2023
1 min read

Играчот на Палмејрас помислил дека за да стане добар играч налик на Кристијано Роналдо доволно е да следи сличен начин на исхрана како Португалецот. Ефектите ги оцени како катастрофални.

Одамна се знае дека Кристијано Роналдо многу внимание посветува на својата исхрана. Редовните тренинзи и посветеноста не би имале таков ефект без правилна и здрава исхрана. Во една прилика еден негов поранешен соиграч од Јувентус рече: „Секогаш истото. Брокула, пилешко и ориз. Со литри вода, дефинитивно никако Coca-Cola“.

Сега Роналдо игра во Саудиска Арабија, а неговото тело е исто. На другата страна на светот, во Бразил, играчот на Палмејрас, Габриел Менину, решил да ја проба диетата на Роналдо во обид да си ги подобри перформансите. Сега има 22 години, а диетата ја следел пред три години кога бил разочаран од тоа што бил трета опција на неговата позиција во средниот ред кај тогашниот тренер Абел Ферејра.

Почнал со она што успеал да го дознае за диетата на Роналдо: јајце и суплементи за појадок, повторно суплементи пред тренинг, попладнето и пред спиење, потоа риба или месо на скара со салата за ручек и вечера. Тоа е исхрана пребогата со протеини, но со минимален внес на шеќери и масти и целосна забрана за газирани и алкохолни пијалаци.

„Се загревав и единственото нешто на кое мислев беше: ‘Ќе умрам’. Пет минути по почетокот на натпреварот не можев повеќе да трчам, сакав да побарам замена“, раскажува Менину.

За негова среќа еден од соиграчите имал потреба од лекарска интервенција, па Менину прекинот го искористил за да се напие изотоник и да се намачка со гел. Потоа некако го доиграл натпреварот.

Од таа сезона 2020 Менину сега е стандарден играч на Палмејрас, со освоени титули меѓу кои и 2 во Копа Либертадорес и над 140 одиграни натпревари за Палмејрас, а чука и на вратата на бразилската репрезентација. Но, хранејќи се како сите обични смртници, само не како Кристијано Роналдо.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсовска на увид на реконструкцијата на „Рузвелтова“

Следно

ЕУ за малку да донесе забрана за продажба на коли со ауспух по 2035

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop