Бразил со гол во 90+5.минута ја “скрши“ Јапонија!(ВИДЕО)

June 29, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Бразил – Јапонија 2:1 е исходот од овој меч во кој видовме од се помалку, на крај големиот фаворит со голот на Мартинели во 90+5.минута големиот фаворит успеа да победи и да се пласира во 1/8 финалето.

Јапонија имаше водство од 0:1 по првото полувреме, но потоа следуваа головите на Каземиро и Мартинели за победа на Бразил.

Убав меч за гледање, шанси, три гола. Јапонија едноставно немаше сила а Бразил и тоа како се изнамачи за да дојде до победата.

Инаку како што и се очекуваше, Бразил тргна во напад уште од стартот на мечот. Иницијативата и поседот ја имаа момците на Дон Карло, но тоа беше јалово. Имаше закани и шанси, но немаше гол. Затоа мрежата се тресеше на спротивната страна за радост и еуфорија кај Јапонците. Се играше 29.минута кога Сано со гол на кариерата го шокираше составот на Бразил за водство од 0:1.

Со тој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме страшен притисок на големиот фаворит. Се редеа шансите за израмнување, ама голот дојде во 56.минута и тоа преку Каземиро за 1:1. Не минаа ни две минути кога Бразил преку Винисиус можеше да направи комплетен пресврт, ама го погоди левиот дирек на Сузуки, голманот на „Самураите“ кој праваше чуда на својот гол.

Следуваше период на мечот во кој Бразил напаѓаше, ама не со таа жестина како до пред голот на Каземиро. Бразилците не сакаа ништо да ризикуваат.

И тогаш дојде таа 90+5.минута кога Мартинели погоди од левата страна, за радост, за победа и за пласман на Бразил во 1/8 финалето.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Следно

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop