Браво за Маја: Се грижи за оставени кучиња, ги лекува и им наоѓа нов дом

February 17, 2024
1 min read

Љубовта и почитта кон животните и ја пренеле родителите уште од дете. За 31-годишната скопјанка Маја Трајчева тоа се развило во потреба да им помага. При случајна средба со кучето Мина го вдомила и сега таквото помагање и е честа појава. Мина ја вдомила од здружение од Битола кое претходно ја нашле на улица. Подоцна, од неа научила колку чиста душа имаат кучињата, колку умеат да дадат, а колку малку бараат за возврат. Така започнала убавата приказна за Маја којашто последниве неколку години се грижи за бездомните кучиња не само во Скопје. Ги наоѓа на најразлични локации, оставени, често повредени и изнемоштени и болни. Ги зема, ги храни, ги лекува и, најчесто, ги дава на вдомување на луѓе кои сакаат да се грижат за нив.

-Лани, додека со мојот партнер Мартин шетавме покрај Ѓуришки манастир, сретнавме неколку кутриња и мачиња. Им ја дадовме целата храна која ја имавме со нас. Меѓутоа едно кутре, кое беше најплашливо и најмало од сите, неможеше никако да дојде на ред до храна од другите. Беше во лоша состојба, преслабо, преплашено и со искривени нозе. Го земавме и со правилна исхрана, нега, витамини и многу љубов за брзо сето тоа беше надминато. Неколку месеци подоцна го најде својот дом од соништата, во кругот на семејство, ни вели Маја.

Наскоро пак сретнале ново куче и него го вдомила и набрзо му нашла нов дом…

Не е лесно да се грижиш, но сите потешкотии се забораваат во моментот кога ќе ги видиш како среќно живеат во своите нови домови. А бројот на бездомните животните во последните година-две драстично порасна. Проблемот со бездомините животни е долгогодишен и општествен. Пред сѐ се должи на нашата култура и перцепцијата која ја имаме за тоа како се чува домашен миленик. Кастрација/ стерилизација е мисловна именка и така доаѓаме до неконтролирано парење и исфрлање на тие кутриња. Отсуство – неспроведување на законите за пријавени одгледувачници исто така води до неконтролирано парење, објаснува таа.

Маја смета дека клучно за решавање на проблемот со бездомните животни е менувањето на нашиот однос кон нив. Но, вели, бесмислено е да очекувате од луѓе кои не знаат да се грижат за работите направени за нивен благодет, да се грижат за бездомните животни. Сепак, вели таа, доколку има поголема едукација за правилна грижа и чување на миленик, спроведување на законите, помош од државата за државните  и приватните стационари, состојбите би можеле да се подобрат.

Ќе продолжам со поголема активност

Маја верува дека сите постоиме за некоја поголема цел на овој свет и дека вистинскиот предизвик е да дознаеме која е таа „животна мисија“.

Моето „зошто“ е да им помагам на животните, верувам дека ќе продолжам со поголема активност на тоа поле во иднина. Ќе оставам времето и животните случувања сами да ме водат напред кон оформувањето и остварувањето на некоја поконкретна и поголема цел. Желбата и неизмерната љубов кон нив ќе ми го покажат патот до следното нешто, ни вели Маја.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак: Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е клучна за напредокот на З.Балкан

Следно

ПОЧЕСТЕНА СУМ ШТО БАДЕНТЕР И МОЈОТ ЛУАН МЕ ИЗБРАА ЗА ПРЕВОДОТ НА ФРАНЦУСКАТА КНИГА „ИДИС“, ВЕЛИ ПРОФЕСОРКАТА ГЗИМЕ СТАРОВА

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop