Браво за градоначалникот! 3000 дечиња од една скопска општина добија бесплатни пакетчиња

December 30, 2023
1 min read

Бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња се читаше вчера во паркот во Расадник. Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во општина Кисела Вода, пристигна на својата финална дестинација.

Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот број на музичките ѕвезди и изведувачи. Големиот хепенинг организиран од Општина Кисела Вода, започна со детска претстава на децата од градинките од општината, продолжи со концерт на „Поточиња“. Потоа на сцена се појавија Сара Мејс заедно со „Данса Латина Стефи“. а на крај настапија и Пајак и Лара.

Сите 3000 присутни дечиња потоа добија бесплатни пакетчиња.

Сценографијата на настанот беше дополнета со штандови на кои се продаваа новогодишни изработки. Средствата од продажбата се наменети во хуманитарни цели за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај.

Општина Кисела Вода на сите свои жители и ја честита Новата 2024 година со желби за многу дравје, среќа и успех! 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До АЕК годинава 386 барања за решавање спор, најмногу за високи сметки, квалитет на говор, интернет..

Следно

Борел го обвини Израел дека предизвикал тешки цивилни жртви во Газа

Latest from Blog

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159
Go toTop