Божиновска, Љутков и Кадиевска веќе не се дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, нов член на партиското раководство е Ташаминов

November 12, 2024
1 min read

Министерката за енергетика Сања Божиновска, министерот за култура Зоран Љутков и поранешната вицегувернерка на Народна банка Маја Кадиевска-Војновиќ веќе не се дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додека нов член на раководството на владејачката партија е Благоја Ташаминов, пишува „Фокус“.

ако што вели висок партиски функционер, не станува збор за суштински, туку за козметички измени, чија цел е министрите Божиновска и Љутков целосно да се посветат на државните функции, како и на раководењето на партиските комисии за енергетика и култура.

Во врска со Кадиевска-Војновиќ, пак, треба да се наведе дека таа се споменуваше како кандидат кој е во најтесна конкуренција за иден гувернер на Народната банка заедно со ексминистерот за финансии Зоран Ставрески, но новите неофицијални информации говорат дека ќе се посвети на ангажманот во една приватна банка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија исклучени од сите натпреварувања, суспензија и за Валентина Радуловиќ

Следно

Мицкоски објави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот: Во план е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која ќе обезбеди топлинска енергија со значително намалување на загаденоста

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop