Божиновска: И покрај предизвиците, Мавровскиот систем произведе 28 отсто над планот

February 22, 2025
1 min read

И покрај предизвиците со ниската кота на Мавровското Езеро, преку реорганизација и оптимално планирање, ХЕС „Маврово“ постигна производство од 493,27 милиони киловат часови во 2024 година или 28 проценти над планот. Ова придонесе за стабилно снабдување со енергија во земјата и задоволување на потребите во периоди на врвна потрошувачка, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска која денеска ја посети хидроелектраната Вруток.

Божиновска се запозна со тековните активности за одржување и со планираните инвестиции за модернизација на постројките.

-Во последните декади, системот беше предмет на три фази на ревитализација, со вкупна инвестиција од преку 60 милиони евра. Последната фаза од ревитализацијата, завршена во 2014 година, овозможи зголемување на инсталираната моќност за дополнителни 18,58 MW и годишното производство за 40 GWh. Дополнително, ревитализацијата придонесе за намалување на емисиите на CO₂ за 36 400 тони годишно. Во наредните години, се планира реализација на третата фаза на ревитализација, Овие активности ќе осигурат продолжување на животниот век на објектите, зголемување на нивната сигурност и стабилност, како и дополнителни економски придобивки. Дополнителни приходи од околу 2,5 мил. евра од зголеменото производство и околу 2,5 мил. евра од системски балансни услуги, наведува Министерството за енергетика.

Според Министерството, ХЕЦ Вруток, како најголема електрана во рамки на Мавровскиот хидроенергетски систем, игра стратешка улога во македонскиот електроенергетски систем. Со инсталирана моќност од 165,6 мегавати и просечно годишно производство од 350 гигават часови, Вруток е клучен фактор во обезбедувањето стабилност на снабдувањето со електрична енергија.

-Континуираниот надзор и инвестиции во хидроелектраните се суштински за енергетската безбедност на земјата. Нашата цел е да ја зголемиме ефикасноста, сигурноста и одржливоста на хидропотенцијалот што го имаме. Мавровскиот хидроенергетски систем е столбот на обновливото производство на електрична енергија во Македонија, и затоа е важно да се одржува со највисоки стандарди, изјави министерката Божиновска.

Мавровскиот хидроенергетски систем, кој покрај ХЕЦ Вруток ги опфаќа и ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен, со вкупна инсталирана моќност од 200 MW и годишно производство од околу 450 GWh, претставува еден од најголемите и најсложените во земјата. Водите што се влеваат во езерото се собираат од површина од над 500 километри квадратни од планининските масиви на Кораб и Шар Планина. Водата се пренесува со канали и цевководи долги над 130 километри. Со акумулација од 275 милиони кубни метри вода, овој систем е од критично значење за енергетската одржливост и балансирање на производството од обновливи извори.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Историско злато за Македонија – Даниела Алексовска европска ММА шампионка!

Следно

Рубљев го освои АТП турнирот во Доха

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop