Босански спортист го заврши своето патување до Истанбул за поддршка на пациентка болна од рак

May 2, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Босанскиот спортист Фарук Суљовиќ пристигнувајќи во Истанбул го заврши своето патување, кое го започна од својата земја за да ја поддржи терапијата на Анелија Смајиќ, пациентка која боледува од рак, мајка на три деца, известува Анадолу.

Атлетичарот Суљовиќ, кој тргнал како дел од кампањата организирана од хуманитарната организација „Помози.ба“ во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ), за да ѝ обезбеди лекови на Смајиќ, пристигна до Аја Софија во Истанбул возејќи велосипед и трчајќи.

Изјавувајќи за дописникот на Анадолу дека имал заморно патување до Истанбул, Суљовиќ истакна: „Тргнав од Сараево пред 8 дена. Возев велосипед 1.000 километри. Трчав 200 километри. Ова го направив ова за кампања за помош. Анелија Смајиќ, мајка на 3 деца што живее во Босна и Херцеговина, е болна од рак и за лекување има потреба од 4.000 евра месечно. Јас сум тука за неа. Сакам да ѝ кажам нешто; ‘Анелија, успеавме’. Досега за оваа кампања собравме речиси 15.000 евра. Нашата кампања за помош ќе продолжи до 10 мај.“

Нагласувајќи дека Амра Џеко, сопругата на босанско-херцеговскиот фудбалер Един Џеко, кој игра за Фенербахче, е амбасадор на кампањата за помош, Суљовиќ истакна:

„Со Амра се сретнав два часа пред да стигнеме до Аја Софија. И таа трчаше со мене некое време. Снимивме неколку снимки за документарецот што ќе го подготвиме. Беше одлично искуство. Таа нè поддржа и со објавите на своите профили на социјалните мрежи. Амра Џеко даде многу голем придонес во овој проект.“

Велејќи дека е многу уморен и гладен, Фарук Суљовиќ продолжи со зборовите:

„Сакам што поскоро да јадам турски донер. Ќе се одморам малку. Би сакал и вам многу да ви се заблагодарам за укажаната поддршка.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВАЖНА ПОБЕДА: „Лавовите“ од Ѓорче Петров ја освоија Автокоманда

Следно

СДСМ: Владата лаже, зарем вработените јаделе на државна сметка!? Итно да ги објави фактурите

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop