Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални

February 19, 2024
1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да одговара“ за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со вдовицата на Навални.

„Го изразивме најдлабокото сочувство на ЕУ на Јулија Навални. Владимир Путин и неговиот режим ќе треба да одговараат за смртта на Алексеј Навални“, изјави Борел по средбата со вдовицата, која се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Но, „како што рече Јулија, Русија не е Путин и Путин не е Русија“, рече Борел.

Министрите станаа и долго и аплаудираа на вдовицата на противникот од Кремљ на крајот од нејзиниот краток говор, додаде Борел.

Според дипломатски извори, Јулија Навални на министрите им ја потврдила својата посветеност за продолжување на борбата против режимот што доведе до смрт на нејзиниот сопруг.

„Алексеј Навални беше херој и тој умре како херој“, рече таа и побара ЕУ да го таргетира опкружувањето на Владимир Путин и „корумпираните олигарси“ кои го поддржуваат со казнени мерки.

Неколку министри денеска пред почетокот на состанокот се заложија за воведување дополнителни санкции против Русија.

ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Москва, вкупно 12, и се подготвува да го усвои 13-тиот пакет, пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

По подолг застој, продолжија работите на булеварот „Благоја Тоска“

Следно

Патентиран првиот омепразол во течна форма во светот – „Алкалоид“ со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ

Latest from Blog

Ким Кардашијан не верува во слетувањето на Месечината: НАСА ВЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ

Во својата нова епизода од „Кардашијан“ риалити ѕвездата Ким Кардашијан изјави дека и таа припаѓа на групата луѓе кои веруваат во една од најпознатите теории на заговор за слетувањето на Месечината. Имено,

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од американските санкции за „Лукоил“

Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата
Go toTop