Борел: ЕУ мора да ја убеди Русија да продолжи да учествува во Договорот за жито

August 4, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) мора да ја убеди Русија да продолжи со учеството во Иницијативата за црноморско жито, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесува Анадолу.

„Русија мора да престане да ја користи храната како оружје“, рече Борел на социјалните мрежи.

Борел ја критикуваше Русија за нејзината одлука да се повлече од Договорот за жито и за обидот да ја отфрли вината со тврдењето „дека нејзиниот сопствен земјоделски извоз не е доволен“.

„Спротивно на лагите што ги шири Русија, ЕУ навистина се погрижи нашите санкции да немаат влијание врз глобалната безбедност на храната“, додаде Борел.

Тој, исто така, посочи дека по повлекувањето од Договорот минатиот месец, руската војска почнала да ги гаѓа магацините за жито во Украина, што предизвика пораст на цените.

Русија на 17 јули го суспендираше учеството во Договорот за црноморско жито, велејќи дека рускиот дел од Договорот не е спроведен. Таа бараше попуштање на банкарските ограничувања и можност да го испорача своето ѓубриво пред враќањето на Договорот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК го објави нацрт-извештајот за Кластер 1: С Македонија „делумно“ подготвена за членство во ЕУ

Следно

Пожар на патот Штип – Радовиш, гори нискостеблеста шума

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop