Борбата на „Мајка Тереза“ продолжува и по затворањето на гласањето – обид за поништување на изборите?!

March 13, 2025
1 min read

Иако гласањето заврши и беше соопштено дека изборите биле успешни, во Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје битката за ректорската позиција, очигледно, сè уште трае.

По завршеното гласање, каде што право на глас имаа целиот академски кадар и по еден претставник од студентите од секој факултет, претседателот на изборната комисија, Зоран Гацовски, пред камерите на ТВ21 изјави дека изборите завршиле успешно и според првичните неофицијални резултати, проф. доц. Беким Фетаи победил со разлика од три гласа пред противкандидатот проф. д-р Блерим Саити.

Но, очигледно, некој не се согласува со овој резултат!

Кој се обидува да ги поништи изборите, од кои причини и дали имало притисоци врз гласачите – одговорите на овие прашања ТВ21 ќе бара во текот на денешниот ден.

Инаку, важно е да се потсети дека новиот ректор ќе биде одговорен и за управувањето со 34,5 милиони евра, кои Владата на Република Северна Македонија ги одвои за изградба на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што ни кажуваат маржите на овошјето и зеленчукот на зелените пазари?

Следно

„СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра“

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop