Бомба експлодирала покрај автомобилот на главниот обвинител на Бугарија – обид за атентат на Иван Гешев?

May 1, 2023
1 min read

Заменик-главниот обвинител Сарафов изјави дека целта на експлозијата била Гешев да се убие, а не да се заплаши. Во случајот нема повредени и тој вели дека само случајноста спречила смртни случаи

Иван Гешев

Бомба експлодирала покрај колоната автомобили во која бил и главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев. Настанот се случил денеска околу 11:45 часот на патот меѓу Самоков и селото Ковачевци додека Гешев патувал во правец кон Софија.

Неговиот заменик, Борислав Сарафов, изјави дека експлозијата се случила на место каде имало кривина на патот, па брзината на движење треба да се намали. На самото место на експлозијата бил направен кратер со длабочина од 30-40 сантиметри и дијаметар од три-четири метри. Бомбата, според Сарафов, имала тринитротолуен (ТНТ) еквивалент на три килограми, а експлозијата се случила во моментот кога на местото минувал автомобилот на Гешев.

Борислав Сарафов / Фото: БНТ

„Целта на експлозијата била да се убие, а не да се заплаши“,

тврди Сарафов, пренесува БНТ.

На местото на настанот биле пронајдени маркерите што ги оставиле сторителите, а обвинителството отвориле предмет за тероризам. Случајот ќе го истражуваат обвинители од обвинителството во Софија.

Дел од медиумите претходно јавија дека оштетен бил еден од автомобилите кои биле во колоната односно автомобил во кој се наоѓало дел од обезбедувањето на Гешев. Меѓутоа, во изјавата Сарафов тврди дека во случајот нема повредени и оти само случајноста спречила смртни случаи.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Нашите трупи извршија противнапад во делови на Бахмут

Следно

Бензема стана татко по четврти пат: Љубовницата му роди дете, а тој уште е во брак

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop