Болниците во северниот дел на Појасот Газа може да бидат надвор од функција во следните 24 часа

October 5, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Болниците во северниот дел на Појасот Газа можат да бидат надвор од функција во рок од 24 часа поради спречувањето на дистрибуција на горивото во регионот од страна на Израел, кој врши геноцид врз Палестинците спроведувајќи масакри веќе една година, известува Анадолу.

Хусам Абу Сафије, директорот на болницата „Кемал Адван“, за дописникот на АА изјави: „Ситуацијата на болниците во Појасот Газа е катастрофална“, и продолжи со зборовите:

„Болницата ‘Кемал Адван’ ќе биде надвор од употреба во рок од 24 часа поради исцрпувањето на горивото и блокирањето од страна на Израел на влез на гориво преку меѓународните организации. Болните и повредените во одделенијата за интензивна нега се соочуваат со опасност од смрт“.

Израелската армија целосно уништи 23 од 38-те болници во регионот во геноцидот што го спроведува во Појасот Газа веќе една година. Останатите 15 болници се обидуваат да обезбедат услуги за болните со многу ограничени ресурси поради големите оштетувања што ги претрпеа од бомбардирањата и гранатирањата, како и поради недостатокот на медицински помагала и материјали.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

Следно

ВИДЕО: Жота за триумф на Ливерпул на Селхурст Парк

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop