Болничка храна доби престижно кулинарско признание

March 16, 2023
1 min read

Болницата АЗ Гронинг во градот Кортријк во западна Белгија стана првата болница во Бенелукс која е официјално призната од угледниот француски водич за храна Gault & Millau за квалитетот на храната што им ја служи на своите пациенти.

Врвни експерти на Gault & Millau кои ги покриваат земјите од Бенелукс  ја посетиле болницата, ја пробале храната од нивната менза и се одушевиле, особено од нивните јадења со риба, сосовите и комбинациите со компири.

Уредништвото заклучило дека храната во болницата е подготвена со врни стандарди а првиот човек на водичот изјави дека со задоволство би послужил некои од тие јадења во својот дом.

Генералниот совет, вели тој, е да се работи со добри состојки и да се држиме до рецепти кои можат квалитетно да се изведат.

„Луѓето нужно не сакаат премногу комплицирани работи. Направете го здраво, направете го вкусно… Обидете се да готвите онака како што би готвеле за себе“, порача преку Ројтерс Марк Деклерк.

„Го е Мијо“ се бави со рангирање ресторанска храна од 1965 година.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Македоника литера“ ја објави поетската книга „Тежината на вториот чекор“ од младиот автор Ѓоре Ѓелев

Следно

Комисија за употреба на имиња на личности даде негативна оцена за името на бугарскиот клуб во Битола ,,Иван Михајлов“: Тоа е провокација

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop