Боки 13 и испрати писмо на амбасадорката на САД: Се соочувам со закани по животот, имам сензитивни податоци, ве молам за заштита

February 20, 2023
1 min read

Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 и испрати писмо на американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, во кое наведува дека е соочува со сериозна тортура и незаконито и криминално постапување од страна на судските власти. Боки 13 бара заштита од амбасадорката, а причина за тоа како што вели во писмото, се сензитивните податоци кои ги поседува.

Во продолжение интегрален текст од писмото на Боки 13 испратено до амбасадорката на САД.

-Јас осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, осуден на казна затвор за предметот познат во јаноста како Рекет, со овој писмен поднесок до вас сакам да ве запознаам и да ве известам за целата тортура која ја доживувам, покрај тоа што сум осуден без докази за сторено кривично дело, туку поради интереси на политичките и бизнис моќници во нашата држава. Во моментов се соочувам со сериозна тортура и незаконито и криминално постапување од страна на судските власти, поточно од страна на Основниот кривичен суд Скопје, па оттука чувствувам за потребно да ве известам за реалните состојби во нашиот правосуден систем, дотолку повеќе што за истите мои наводи располагам со докази. Со оглед на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата држава, чувствувам за должност да ви ги приложам следните документи од кои неспорно ќе можете да утврдите тенденциозно и незаконито постапување од страна на судот и поигрување со човечки живот, особено важно што мојата здравствена состојба е со животно загрозувачки карактер, согласно сите медицински докази кој ви ги доставувам во овој писмен поднесок заедно со судките одлуки од каде неспорно ќе можете да ја утврдите селетивноста и незаконитото постапување на судот, дотолку повеќе што за ова судско решение изразувам основано сомневања дека е фалсификувано и антидатирано, за кое сомневање иницирав постапки пред надлежните правосудни органи. Молам за помош од ваша страна и молам во најкус можен рок да ме посетите во КПУ ИДРИЗОВО, вие или друго службено лице кое би било делегирано од ваша страна од причини што ценам дека е потребно и значајно со вас да споделам важни и сензитивни податоци со кој располагам а истите се од крајно сериозен карактер и директо се поврзани со коруптивни дејствија на поединци и криминал поврзан со лица од највисоки државни структури. Во тоа име, ве молам за заштита од ваша страна, бидејќи се соочувам со реални закани по мојот живот, особено поради тоа што инволивираните лица поседуваат реална моќ и влијание.

Во прилог на овој писмен поднесок ви ја доставувам комплетната медицинска документација и судските решенија погореопишани и ве молам за брза реакција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОВЕЌЕ ГРОБОВИ ОТКОЛКУ ЗГРАДИ И КУЌИ – глетката во овие турски градови е трогателна, особено од предметите што ги има до гробовите на овие деца! (ФОТО)

Следно

Блинкен во посета на Грција

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop