Бојковска: Измените на Кривичниот законик означуваат борба против корупцијата, оваа Влада ќе испорача закони еднакви за сите

January 23, 2026
1 min read

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој предлог закон доаѓа како повод на реакцијата на Уставниот суд којашто ја имавме, и поради тоа што не треба да се создаде простор за правна празнина на којашто укажуваше Уставниот суд, ги носиме овие брзи измени на Кривичниот законик, и секако не само заради Уставниот суд, и поради оној упад којшто го имавме во 2023 година, којшто беше направен од страна на СДС и ДУИ тогаш како тогашна власт. Со измената на Кривичниот законик тогаш во 2023 година, буквално направија амнестирање на кривичните дела, особено на оние коишто се обележје на членот 353 или злоупотреба на службена положба и овластување“, рече Бојковска и додаде:

„Со што практично тогаш со носење на тие измени застареа 200 кривични дела, кривични дела коишто би требале да се гонат по овој член 353 и тоа претставува упад не само на правосудниот систем, не само на правото и правдата и владеењето на правото, туку буквално кршење на она се што значи позитивни законски норми и носење на позитивните законски норми во добра волја“.

Бојковска објасни дека со овие предлог измени ќе се зголемат казните и ќе се вратат кривичните дела коишто биле избришани во 2023 година од страна на претходната власт, со цел секој еден кој се огрешил да биде казнет.

„Освен што ги бришеа кривичните дела, односно бришеа инкриминација на одредени дејства, вршеа намалување на казните, се со цел да застарат овие кривични дела. Со овие предлог измени, ги зголемуваме казните, ги враќаме оние кривични дела коишто беа избришани претходно во 2023 година, се со цел да извршиме корекција и секој оној кој што ќе се огреши пред законот да биде казнет“, рече Бојковска.

На крај Бојковска посочи дека со измените на Кривичниот законик нивото на корупција во 2023 година значително се зголемил, и истакна дека примарна цела на оваа Влада ќе биде да се испорачаат еднакви закони за сите граѓани.

„Во три извештаи и последователно на Европската комисија е забележено дека нивото на корупција и степенот на корупција е значително зголемен, по оние измени во 2023 година, што укажува апсолутно на најголема слабост во борбата со корупција во овој период кога се донесени измените и после тоа. Наша примарна цел и наша задача е пред граѓаните да испорачаме еднакви закони за сите, коишто ќе важат еднакво за сите и секако да се одговара пред законот. Така што јас би оценила и дека овие измени коишто ги правиме во Кривичниот законик сега буквално значат и борба со корупцијата, ценам дека секој еден треба да одговара пред законот и не треба да се прости ниту еден криминал, ниту едно дејствие коешто ќе значи повреда на позитивните законски промени“, децидна е Бојковска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОЊАНОВСКИ НА ТЕРЕН СО ИНСПЕКЦИЈАТА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

Следно

Швајцарија: Газдата на барот изгорен во пожар ослободен со кауција

Latest from Blog

Градоначалникот Дејан Проданоски до доцна во вечерта разговараше за предизвиците на граѓаните и нивни решенија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи. Средбите со

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата.
Go toTop