„Бог ни дал да живееме во една заедничка држава“: Верските поглавари повикаа на почитување на државните симболи

December 2, 2024
1 min read

Сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симобили на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа

Поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.

Во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија се наведува дека треба да се продолжи со продлабочување на меѓусебната солидарност и да се запази почитта едни кон други, кон државните симобили на државата и кон симболите на сите етнички заедници во неа.

– Средбата на разнообразни култури, носи можност за благородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на МПЦ Охридска Архиепископја, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко методистичката црква и Еврејската зедница ги повкуваме сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симобили на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа – се наведува во соопштението.

Соопштението е потпишано од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, скопски бискуп и епарх струмичко г. Кирил Стојановски, супер итенден Марјан Димов и Пепо Леви од Еврејската заедница.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трета жртва од невремето во Грција

Следно

Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop